Македонија

Малиот Леон, дете со аутизам разговараше со претседателката Сиљановска Давкова

Мајката на детето со аутизам средбата кај претседателката ја означи со таговите
#Инклузија #Достоинство #Човечност #Леон #претседателка

Малиот Леон кој доживеа дискриминација од своето одделение денеска разговараше со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Мајката на Леон дете со аутизам, Амела Мемиш Апостоловска објави дека нејзиниот син денеска бил гостин во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

,,Денешниот ден во кабинетот на Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова беше повеќе од посета.  Тоа беше потврда на суштинското човеково достоинство.

На покана од Претседателката денеска Леон не беше пречекан како гостин, туку како свое дете. Во атмосфера исполнета со спокој, достоинство и искреност, тој беше третиран со мајчинска топлина и почит што ги надминува сите протоколи.

Немаше официјални говори, туку искрени зборови и тивки насмевки. Леон и Претседателката споделија моменти поминати со благост и човечност.

Овој гест е психолошки моќен чин со кој највисоката институција праќа јасна порака: Секое дете заслужува да биде видено, слушнато и почитувано, без исклучок. Различностите не се пречка, туку вредност и одраз на богатството.

Тој присуствуваше и на церемонијата на менување на државното знаме на Македонија чин кој остави длабок впечаток. Од Леон блескаше чиста, детска радост која зборува погласно од која било дипломатска изјава.

Ваквите моменти се темел за иднината. Инклузивноста не е само збор во стратегија, туку практика која се живее и чувствува.

Денеска, Леон ја почувствува. И со тоа, нашата заедница стана побогата”, објави мајката на Леон по средбата во вила Водно каде Леон заедно со стотина други деца присуствувал и на церемонијата на кревање на државното знаме.

Мемиш Апостоловска средбата кај претседателката ја означи со таговите:

#Инклузија #Достоинство #Човечност #Леон #претседателка

 

По трогателната приказна која ја растажи јавноста – дека 12-годишниот Леон од Скопје, дете со аутизам, бил единствениот ученик кој не добил покана за роденденот на другарче од класот – следуваше и друг чин што ја врати вербата во човечноста.

Предходно Ирина Камилоска, трогната од ситуацијата, му приреди роденден што никогаш нема да го заборави. Во училиштето пристигнаа гости со најголеми срца – пожарникари, пилот, кошаркари, планинари и жена полицаец.

 

Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не објави посебна информација за средбата со Леон како што предходно не објави и за средби со други ранливи категории граѓани.

Кабинетот на претседателката објави фотографија со Леон од церемонијата на кревање на знамето.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Апелација ги зголеми казните за 13-те велешани, осудени за силување девојче на возраст под 14 години!

Апелацискиот суд донесе одлука за зголемување на затворските казни на сите 13 осудени лица од Велес за сексуално злоставување на девојче под 14 години. Првичната пресуда беше донесена од Кривичниот суд во ноември 2024 година. Случајот предизвика силни реакции во јавноста поради првично ниските казни и одлуката на судот да дозволи гаранција за првообвинетиот на почетокот на процесот. 

Бензините поефтинуваат од ноќеска на полноќ, а дизелот ќе има иста цена – Македонија е со најефтини горива во регионот!

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Две убиства за 48 часа! Грк застрелал ловочувар кај Виница, мајка убиена од син во Росоман

Во Виница, 80-годишен грчки државјанин го застрелал 56-годишен ловочувар Д.А. од с. Липец за време на лов. Полицијата покренала кривична пријава против осомничениот по член 123 од Кривичниот законик, а четири лица се лишени од слобода. При претреси во апартманите и возилата на осомничените биле пронајдени четири ловни пушки, околу 800 парчиња муниција и друг доказен материјал од интерес за истрагата.

Советот на јавни обвинители ја прекина дисциплинската постапка против Хајрулахи и го враќа на работа Цветановски

Советот на јавни обвинители едногласно ја укина суспензијата на обвинителот Јован Цветановски и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување.

Најнови вести

To top