Македонија

Малолетниците симнати од тротинетите – почна да функционира новиот закон за електричните тротинети

Малолетниците кои возат електричен тротинет од денеска ќе си добијат казна

Малолетниците кои возат електричен тротинет од денеска ќе си добијат казна. Оние пак со над 18 години, ако возат со брзина поголема од 20 километри на час, исто така ќе бидат казнети. Забрането е и групно возење електрични тротинети. Во собранието поминаа измените на законот за безбедност на сообраќајот, со кој се прави голем чекор кон поголема безбедност на улиците. Граѓаните се запознаени со измените и казните, се надеваат дека конечно ќе се стави ред во дивеењето на младите кои секојдневно го полена полицискиот билтен со сообраќајни незгоди со овој вид возило.

„Благодарение на собранието и на владата што го спроведоа тоа, требаше и порано да се спроведе тоа“, вели граѓанин

„Не смееме да пуштиме деца воопшто по патека или вие да се движите, по двајца по тројца.“

„Тие што возат тротинети не се баш најдисциплинирани“

На главниот скопски булевар каде секојдневно на тротинет дивееја малолетници, сликата денеска беше различна. Малолетници не забележавме, ниту некој што вози со брзина поголема од дозволената. Сепак, има граѓани кои не се согласуваат со новите законски измени.

„Многу е 18, 14 години дефинитивно“, (статистиките покажуваат дека повеќето сообраќајки се со луѓе на 16-17 години.) „не верувам тоа.“

„Не е баш најдобра срединава за возење општо и… прво тоа треба, ова е само вртење околу главниот проблем.“

„Да имаме закон некој којшто се знае каде е пешачка патека каде е за возење за тротинети.“

Предлог измените беа најавени од владата откако министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави загрижувачки статистики. За две години регистрирани се над 2300 сообраќајки со електрични тротинети, мопеди и мотоцикли, а во последните 6 месеци повеќе од 100 луѓе биле сериозно повредени. Овој закон е европски чекор, во Париз тротинетите за изнајмување се целосно забранети, а за приватните треба да следат строги правила во сообраќајот. Во Велика Британија пак тие воопшто не смеат да излезат на улица. Кај нас за прекршување на новите правила, може да следат казни и до 275 евра како и одземање на „лесното електрично возило“, како што е пишано во законот.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

To top