Македонија

Манасиевски: Актуелни и поранешни партиски функционери на СДС бараат промени во раководството

Доколку СДС сака да исчезне од политичката сцена, Филипче нека продолжи така

Актуелни и поранешни партиски функционери на СДС бараат промени во раководството, само за Филипче тоа не важи. Веќе две недели по катастрофалните избори на кои СДС спадна на 120.000 гласови и само 6 општини, партијата и натаму без никакви промени во врвот, а на Филипче тоа му одговара, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако веќе јавно се повеќе актуелни и поранешни функционери бараат промени, станува јасно во јавноста дека Филипче се повеќе го губи легитимитетот во партијата.

Наместо да понесе одговорност за лошите резултати за кои тој лично е виновен, тој продолжува по старите познати чекори и не поднесува оставка, туку продолжува да изработува за Заев, со поставувањето на Трајановски за потпретседател.

Народот воопшто не очекува резултати од Филипче, кој несомнено е продолжена рака на Зоран Заев во СДС. Затоа и јавноста, но и членови, активисти и симпатизери на СДС бараат оставка од Филипче и промени во раководството.

Доколку СДС сака да исчезне од политичката сцена, Филипче нека продолжи така, рече Манасиевски.

Најнови вести од: Македонија

ДЗР: Плата за неработење, украдени лаптопи и пари од Министерството со кое раководеше Груби до 2024-та

Државниот завод за ревизија при ревизија во Министерството за односи меѓу заедниците за  2024 година констатирал кусоци на материјални средства, вклучувајќи 30 преносни компјутери, исплата на 61 процент на име плата на вработените без да се обезбедат податоци за нивното присуство на работа и точење нафтени деривати во возила за кои не може да се потврди дека се во сопственост на Министерството

To top