Македонија

Манасиевски: Мали Фрчко – новото лице на Филипче, кадар на уништениот систем

Во раководството на СДС има се – од криминалци, коруптивни лица, лажговци, манипулатори, неуспеани луѓе и секако луѓе кои користат наркотици

Нереформираната СДС на чело со чуварот на фотелјата на Зоран Заев, Венко Филипче, во раководството го внесе и синот на нивниот идеолог, а тоа е Јон Фрчковски, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во раководството на СДС има се – од криминалци, коруптивни лица, лажговци, манипулатори, неуспеани луѓе и секако луѓе кои користат наркотици.

Се сеќаваме пред само неколку месеци, излегоа фотографии во јавноста од Фрчковски на кои се гледа како користи психотропни супстанци, на своето работно место.

Од СДС само молк, ниту оградување, ниту дистанцирање, мали Фрчко демек си даде оставка, ама Филипче демек не му ја разгледува, и по се изгледа имаат синдром сличен на судството – чуваат предмети по фиоки.

И по неколку месеци, наместо надвор од политиката, тој е во раководството на СДС. Но, останаа неодговорени прашањата поврзани со сликата на Фрчковски, каде ја користел дрогата, односно ако е на работно место во државна институција, зошто ЈО не постапи до сега со предмет? Од каде му е дрогата и дали можеби тој препродавал? Дали само децата и внуците на црвената буржоазија и транзициските функционери се привилегиран слој во општеството, па Јон Фрчковски има дискреционо право?

СДС на народот му должи извинување, а не да ги наградува истите луѓе кои ја злоупотребуваат добиената функција.

Реформи во СДС се повеќе од потребни“, додаде во изјавата Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

To top