Македонија

Манасиевски: Судии и обвинители-митаџии со само 2 отсто доверба бараат плати и до 6 илјади евра!

„На македонското правосудство му е потребен ремонт. Во судството и обвинителството не смее да има остатоци од оние, кои ги бираа СДС и ДУИ. Корумпирани и криминални. Поради оваа група на поединци, чесни и транспарентни судии и обвинители не можат да дојдат до израз.“ – нагласи Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ во денешната изјава за медиумите.

„Судии и обвинители како Наќе Ѓорѓиев и Иџет Мемети со само 2 отсто доверба, кои земаат мито и влијаат врз судски пресуди, бараат плати и до 6.000 евра!“ – нагласи Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ во денешната изјава за медиумите.

Натаму Манасиевски истакна: Македонската јавност заслужува да знае кои се овие поединци од судската и обвинителската фела, кои се вмешани во вакви судски пресуди со своите влијанија, а од кои, друга страна, иако имаат само 2 отсто доверба, сакаат зголемување на платите.

Група на поединци како Наќе Ѓорѓиев и Иџет Мемети, тогашни високи функционери во правосудството, беа фатени како земаат мито, за да влијаат врз пресуда во вредност од 10.000 евра, а за ова кривично дело и двајцата се спогодија со судот, односно ја надиграа правдата.

Со кое лице и како очекуваат од народот и граѓаните луѓе како Ѓорѓиев и Мемети да бараат зголемување на и онака високите плати? Како народот да очекува правда, кога истите овие луѓе, кои земаа по 10 тина илјади евра мито, се спогодија со судовите? Како може народот да очекува правда и одговорност кога кој е тој што ја гарантира независноста на оние судии и обвинители кои се спогодиле со Ѓорѓиев и Мемети? Кој гарантира дека нема да влијаат истите и врз некои други предмети? – посочи Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ.


Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за 2,5, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

To top