Македонија

Марихуана откриена во ранец на И.Р. (30) од Прилеп, припадник на АРМ во касарната Петровец во Скопје

Од СВР Скопје информираат дека контролата била спроведена на 12 февруари во касарната во Петровец, кога бил проверен ранецот на војникот.

Триесетгодишниот припадник на Армијата на Македонија од Прилеп, се соочува со кривична пријава откако кај него била откриена марихуана. При претресот, полицијата пронашла и одзела марихуана, по што против него е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање дрога во промет. 

Случајот е предаден на понатамошна постапка.

Најнови вести од: Македонија

To top