Македонија

Марковски со гаранција од скоро пет милиони евра ќе се брани од слобода

Бизнисменот обвинет за местење тендери во РЕК Битола

Битолскиот суд кој го ослободи од притвор Борче Марковски и ја прифати гаранцијата од 5 милиони евра смета дека е во ќар. Обвинет е за три пати помала сума па тоа било пресудно за да ја донесе одлуката тој да излезе на слобода. Јавно го праша обвинителството зошто не се согласувало со ваквата одлука. Сопственикот на Марковски компани обвинет е за злоупотреби со тендер во Осломеј и РЕК Битола вреден 1,7 милиони евра.

Додека почесниот белоруски конзул Борче Марковски веќе е на слобода, битолскиот суд се пофали дека му земал гаранција три пати повисока од она за што се товари и плус му замрзнал 113 илјади евра. Вакво соопштение објави судот откако вчера Телма објави дека мерката притвор на најголемиот поранешен тендерџија во ЕСМ, Марковски Компани, му е заменета со мерки на претпазливост и е прифатена гаранцијата од 4 милиони и 940 илјади евра. Во соопштението уште прстот го впери во обвинителството кое се согласило со гаранција за друг обвинет, ама не и со оваа која ја дал Марковски.

Основен суд – Битола: Гаранцијата е определена на износ од 4.937.317 евра, што значи дека е скоро три пати повисока од евентуалната имотна корист, а и му се замрзнати финасиски средства. Крајно од страна на Основното јавно обвинителство Битола дадено е позитивно мислење за прифаќање на гаранцијата во износ од 169.286 евра – во недвижен имот, за друг осомничен. Друго е прашањето и зошто од 9 (девет) обвинети, во текот на истражната постапка само за двајца е предложена мерка притвор од страна на Основното јавно обвинителство Битола.

Телма вчера објави дека гаранцијата на Марковски е во недвижен имот – куќа со двор во Битола и три стана исто така во Битола, сопственост на „Марковски компани“, како возила – 25 булдужери и камиони. Обвинителството не се согласувало со ваквиот предлог, но сепак судот одредил мерки на претпазливост и го пуштил од притвор.

Таму Марковски се наоѓа од средината на октомври кога беше уапсен за злоупотреби со тендер за дислокација на погонски станици од Осломеј во рудниците во РЕК Битола од 2024 година, вреден 1,7 милиони евра. Заедно со него се обвинети уште еден вработен во неговата фирма и шестмина поранешни раководители во РЕК Битола. Тие се обвинети дека работата не била завршена, а парите биле исплатени.

Во меѓувреме обвинителството му го замрзна имот во Македонија и во Србија. Во Скопје му се замрзнати три станови и механизација, додека во Србија 10 нови камиони од неговата фирма Хамза Изградња. Тој е целосен сопственик додека управителката Гордана Паужина која Телма денеска ја побара, но не сакаше да одговара на нашите прашања.

Инаку „Марковски компани“ со години беше најголемиот тендерџија во РЕК Битола. Неговите врски со Србија го доведоа и до почесен конзул на Белорусија во земјава, а тамошната фирма Хамза беше редовен добитник на тендери од Србија шуми.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Директна порака до пратеничките на СДСМ Бисера Костадиновска и Јована Тренчевска

Екс-ракометарот и бизнисмен Мартин Клинчаров го брани проектот „Скопје 2014“ и ја критикува СДСМ од каде за разлика од Јелена Докиќ која ја промовира Македонија, истиот го сатанизираат

Во клиниката за инфективни болести во Скопје двајца пациенти со западнонилска треска се во критична состојба

Двајца пациенти на возраст од 76 и 66 години од седумте хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со западнонилска треска, се во критична состојба и се на механичка вентилација на одделот за интензивно лекување, изјави попладнево директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој рече дека дополнително за уште тројца пациенти, кои се примени со дијагноза акутно заболување на мозокот и мозочната обвивка, во текот на денов се чекаат лабораториските резултати од Институтот за јавно здравје.

Митева: На 16 јули во Струмица ќе настапат најголемите уметници во електронската музика Пол ван Дајк и Пол Окенфолд!

Двајца од најголемите и највлијателни уметници во електронската музика Пол ван Дајк и Пол Оукенфолд ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“. Оваа манифестација започнува на 2 август – Илинден во Битола, а завршува на 8 септември во Скопје.

Турската кинематографија во фокусот на Beach Film Festival Ohrid

Учеството на Република Туркије како земја во фокус на деветтото издание на Beach Film Festival Ohrid уште еднаш ја потврди важноста на филмот како мост за културна соработка, меѓународно поврзување и промоција на културното и туристичкото богатство на Туркије.

За завршување и целосно опремување на новата Клиничка болница во Штип – 109 милиони евра

Завршувањето и целосното опремување на новата Клиничка болница во Штип, инвестиција проценета на околу 109 милиони евра, беше тема на денешната средба меѓу министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински, градоначалникот на Штип Иван Јорданов, раководството на Клиничката болница и претставници на Светската банка.

To top