Македонија

Матура 2026: Tри испити, една генерација и старото прашање – Што навистина проверуваме?!

Идната сабота почнува полагањето на екстерните испити од државната матура за повеќе од 14.500 матуранти во учебната 2025/2026 година. Според податоците на Државниот испитен центар, пријавени се вкупно 14.587 ученици, од кои 12.184 за државна матура, 2.276 за државна стручна матура и 127 за државна уметничка матура. Првиот екстерен испит ќе се полага на 6 јуни од 9 часот, а учениците ќе избираат меѓу странски јазик, математика или историја, во зависност од типот на матурата. Најголем дел од кандидатите – 13.208 се пријавени за англиски јазик.

Од сабота, 6 јуни повеќе од 14.500 ученици во Македонија влегуваат во завршната проверка на знаењето. Според податоците на Државниот испитен центар, годинава се пријавени вкупно 14.587 кандидати: 12.184 за државна матура, 2.276 за државна стручна матура и 127 за државна уметничка матура. Тоа е првата важна разлика. Матурата веќе не е една единствена врата низ која сите мора да поминат на ист начин. Во согласност со измените на Законот за средното образование, учениците полагаат три типа матурски испит – државна, државна стручна и државна уметничка матура. На хартија, тоа е поправеден модел. Во практика, ќе се види токму сега: кога тестовите, просторите, надзорот и роковите ќе се сретнат со реални училишта, реални ученици и реален притисок.

Гимназијалците полагаат само државна матура и годинава се пријавени 5.713 кандидати. Од 8.629 кандидати од стручните училишта, 6.353 избрале државна матура, а 2.276 државна стручна матура. Од уметничките училишта, пак, од 245 кандидати, 118 се пријавиле за државна матура, а 127 за државна уметничка матура.

Суштинската новина не е само во називите на матурските испити, туку во тоа што тестовите не треба да бидат исти за сите ученици како досега. Годинашната матура ќе се одвива според нова концепција: за стручното и уметничкото образование има изменети испитни програми, додека за гимназиското образование остануваат истите испитни програми.

Ова е важен чекор, затоа што со години во образованието се зборуваше за различни профили, а на крајот често се мереше со ист аршин. Ако ученик од стручно училиште има поинаков фонд на часови, поинаква програма и поинаква образовна траекторија, тогаш и испитот мора да го препознае тоа. Во спротивно, матурата не проверува знаење, туку способност за преживување во туѓ модел.

Директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска-Михајловска, изјави дека подготовките се одвиваат според утврдената динамика, а целта е сите ученици да имаат еднакви услови и фер полагање. ДИЦ наведува дека за секој тип матура се подготвени посебни испитни програми и тестови, засновани на наставните програми што учениците ги следеле во текот на четиригодишното образование.

На 6. јуни, со почеток во 9 часот, се полага изборниот екстерен предмет. Кандидатите за државна матура ќе полагаат странски јазик – англиски, француски, германски, руски или италијански – или математика. Кандидатите за државна стручна матура ќе полагаат англиски јазик или математика, а кандидатите за државна уметничка матура ќе избираат меѓу англиски јазик и историја.

Задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик и литература ќе се полага во два термина: учениците пријавени за државна матура ќе полагаат на 11 јуни, а кандидатите за државна стручна и државна уметничка матура на 12 јуни, исто така од 9 часот.

Бројките кажуваат и нешто за јазичната слика на матурата. За англиски јазик се пријавени 13.208 кандидати, за математика 1.173, а за историја 38 кандидати од уметничката матура. Од другите странски јазици, кои се опција за државната матура, 52 ученици избрале германски, 20 француски, седум руски и двајца италијански јазик.

Кај мајчините јазици, македонски јазик и литература ќе полагаат 9.810 ученици, албански јазик и литература 4.199, турски јазик и литература 360, а српски јазик и литература пет кандидати. Тоа е сув податок само на прв поглед. Во него се гледа реалната повеќејазичност на училиштата, но и тежината на матурата како заедничка државна процедура во различни образовни и јазични средини.

Втора година на ред дел од матурантите ќе полагаат во амфитеатри, предавални, читалници, фискултурни сали и други поголеми простории. Според ДИЦ, училиштата што немаат соодветни просторни услови побарале помош за обезбедување локации, додека останатите ќе организираат полагање во сопствени спортски сали, холови и аули.

Ова не е само логистичка мерка. Таа е директен одговор на проблемот со препишувањето и користењето мобилни телефони. Ланското искуство со големи простории покажало значително намалување на препишувањето и користењето смартфони, а годинава секој матурант повторно ќе треба да го остави телефонот во кутија пред влез во просторијата за полагање.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

To top