Македонија

Меџити потврди дека е договорено во јуни да има реконструкција на Владата

Во наредните денови се очекува да се разговара за принципите и за можна промена на ресори и имиња

Во наредните денови се очекува да се разговара за принципите и за можна промена на ресори и имиња, рече копретседателот на Вреди и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Албанскиот саем на книгата денеска во Скопје.

Меџити рече дека се договорени со партнерите во Владата дека ќе има реконструкција.

– Деновиве треба да седнеме и разговараме за принципите и дали ќе одиме со промена на ресори, имиња и така натаму – изјави Меџити.

Премиерот Христијан Мицкоски, завчера одговарајќи на новинарско прашање по отворање на новиот базен „Карпош“, најави дека во втората половина на јуни ќе седне со владините партнери за да разговара за натамошните чекори во однос на работата на Владата.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top