Македонија

Медицинскиот тим се поклони кон починатиот органодарител

Со длабока почит кон починатиот органодарител и со искрена благодарност до неговото семејство, медицинскиот тим оддаде чест на една од најхуманите одлуки што може да се донесе во миг исполнет со најдлабока болка и тага

„Во овие моменти, хуманоста на едно семејство и посветеноста на здравствените работници отвораат можности за нова надеж и нов живот“, вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

„Министерството за здравство изразува најдлабока благодарност до семејството на дарителот и признание до сите медицински тимови вклучени во овој сложен и благороден процес“, истакнува министерот за здравство Азир Алиу.

Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!

 

Најнови вести од: Македонија

„Ајде да знакуваме заедно!“: Инклузивен марш и програма во Скопје по повод Денот на знаковните јазици

Инклузивен марш и централна програма со интерактивни, едукативни и креативни активности ќе се одржат в недела во Скопје, по повод Меѓународниот ден на знаковните јазици

To top