Македонија

Меџити контра Османи во Чаир!?

Ако ДУИ оди со потпретседател и човек кој беше кандидат за претседател на државата, министер за надворешни работи, и ние ќе одговориме со слична „артилерија“, вели Меџити

Поранешниот градоначалник на Чаир во два мандати (2005 и 2013-та) Изет Меџити, синоќа објави дека не ја исклучува можноста да се кандидира за функцијата градоначалник на општина Чаир.

„Како ВРЕДИ, овие денови ги чекаме резултатите од анкетите од професионалните агенции и тие ќе ни дадат ориентација за тоа кој каде ќе биде, но не го исклучувам тоа како можност“, изјави Меџити во гостување на на „Канал 5“.

Меџити рече дека ако ДУИ навистина излезе со Османи како кандидат, и ВРЕДИ ќе одговорат со слична артилерија“.

„Ако ДУИ оди со потпретседател и члени кој беше кандидат за претседател на државата, министер за надворешни работи, и ние ќе одговориме со слична „артилерија““, изјави Меџити.

Во врска со тоа што ВРЕДИ им понуди на граѓаните од општината  Чаир, тој рече дека граѓаните гледаат дека Ахмети и ДУИ, немаат луѓе кои ќе се кандидираат на овие локални избори.

„Од 15-те општини со мнозинско албанско население, седум-осум од нив беа дадени на Алијансата пред да започне натпреварот. ДУИ ќе се натпреварува само во седум општини, но мислам дека во сегашните околности каде што ДУИ води со 11-12 општини, во најдобар случај може да кандидира свои кадри во само седум општин“, вели Меџити.

ДУИ со тешка артилерија: Бујар Османи „ќе трча“ за Чаир

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top