Македонија

Меџити: Вардар ќе се ангажира доброволно, без профит – Османи: Ројкинд ќе помага како пријател, без пари

Изет Меџити од Вреди и Бујар Османи од Националната алијанса за интеграција велат дека меѓународните архитекти ќе бидат ангажирани за Чаир едниот врз доброволна основа, другиот врз пријателска основа

„Меѓународните архитекти, ангажирани во кампањите за Чаир, не зеле ни денар, туку тоа го прават од добра волја, велат Меџити и Османи. Изет Меџити од Вреди додава дека Бајрам Вардар, Албанецот од Скопје, втор човек во градот Бурса, не сака финансиски да профитира, туку да придонесе со знаење за родниот крај.“ – објави ТВ Алсат во својата информација со наслов „Еден од љубов кон татковината, другиот од пријателство – Меѓународните архитекти ангажирани во кампањите за Чаир, не зеле ни денар“.

Натаму телевизијата наведува: „Бајрам Вардар не доаѓа за финансиски профит, туку да придонесе со знаење и искуство за родниот град Скопје. Сè е бесплатно, не само од негова страна, туку и од целиот тим од Македонија и Турција. Сите работат доброволно.“ – нагласи вицепремиерот Изет Меџити, кандидат за градоначалник на Чаир од редовите на коалицијата Вреди.

Потпретседателот на ДУИ Бујар Османи и кандидат за градоначалник на Чаир од редовите на Националната алијанса за интеграција вели дека мексиканскиот архитект Мишел Ројкинд во оваа фаза работи без финансиски договор, „само затоа што му е пријател“.

Запрашан дали нема финансиски договор со Ројкинд, Османи одговара дека таков договор. 

На дополнително прашање дали вели дошол од Мексико да направи план и и оти нема поим колку ќе биде цената, Бујар Османи тврди: „Не, затоа што ми е пријател. Се спријателивме преку моите активности и контакти низ светот. Прифати да помогне. Тој доброволно помага во оваа фаза, за планот, за визијата за Чаир, за градската преродба.“ 

Пред неколку дена кандидатите за прв човек на Чаир ги претставија архитектите, со кои планираат да ја особвременат општината. – објави ТВ Алсат.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

Најнови вести

To top