Македонија

Мехмети: На ДУИ ѝ тргна наопаку и без длабоки реформи таа ќе замине во политичката историја!

„Алармот на ДУИ е вклучен. Овој конгрес може да биде последната шанса да се врати изгубената доверба. Ако има размислување, самокритика и храброст за длабоки реформи, може да се роди нова ДУИ, поодговорна и поблиска до граѓанинот. Но, ако сè остане на ниво на зборови и расудување, тогаш патот е јасен: партијата што некогаш ги водеше Албанците, се изложува на опасност да замине во политичката историја.“ – нагласува новинарот Емад Мехмети од Скопје во својата колумна со наслов „Решавачки конгрес на ДУИ: дали ќе донесе ново, или ќе се изложат на опасност да заминат во историјата?!“.

Во колумната, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА, натаму Мехмети пишува: ДУИ може да се реформира само ако има храброст да ги погледне грешките во себе, а не со барање невини виновници. Не е доволно малку да се променат имињата на списоците, или лицата на екраните. Потребни се промена на политичкиот начин на размислување, транспарентност и отчетност.“ ако ДУИ, како коалиција со Националната алијанса за интеграција, излезе како победник на локалните избори со значителен број гласови, резултатот беше далеку од нивните очекувања, бидејќи ги загубија повеќето општини.

Кога политичка партија како ДУИ ќе стигне до точка каде што мора да објави „реформски конгрес“, тоа вообичаено укажува дека нешто ¸тргнало наопаку. И покрај нивните обвинувања против владата на Вреди-ВМРО за „изборен инженеринг“, губењето на повеќето општини, населени и со Албанци, беше јасна порака: нешто не е во ред меѓу партијата и политичката база. Резултатите од локалните избори ја оставија ДУИ во незавидна позиција. Тие покажаа дека долгорочната моќ и потпирањето на истите имиња и истрошени структури повеќе не можат да создаваат ентузијазам, или доверба. Напротив, тоа станува сериозен проблем за нив. ДУИ најави одржување конгрес во декември. Наместо да го гледаат ова како можност за размислување, започнаа меѓусебни обвинувања во партијата и коалицијата: кој кого предал, а кој не работел.

Но, додека виновниците се бараат меѓу активистите, тие како да забораваат дека првите што си заминале беа токму директорите и поранешните министри, луѓето кои со години имаа корист од моќта на оваа партија. Ако конгресот произведе внатрешна ротација без нови идеи, тогаш сè ќе биде само колку за замачкување очи. Денес Албанците повеќе не бараат само „знамиња и инструменти чифтелии“, туку јасна визија и платформа за нивната иднина како народ во РСМ, нешто што може да се постигне само преку закони, а не преку договори скриени под маси, или на маси. – заклучува Емад Мехмети во својата колумна.


Најнови вести од: Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Одложена седницата на работната група за реформи во изборното законодавство, материјалите не биле преведени на албански јазик

Денес не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

To top