Македонија

„Ми даде лек што не постоеше во евиденција“: потресно сведочење на пациентка на судењето за „Онкологија 2“

Васев ми даде дефицитарен лек оти сум помлада, но не евидентира дека сум го примила, сведочи пациентка за „Онкологија 2“

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, а сведочеше пациентка која примала комбинирана хемотерапија и имунотерапија, опишувајќи ситуација која, како што рече, ѝ оставила длабока дилема. Ѝ била дадена терапија надвор од редовните протоколи и без да биде внесена во регистарот на клиниката.

Пациентката сведочеше дека при нејзината деветта посета на Клиниката за радиотерапија и онкологија, лекарот Нино Васев ѝ соопштил дека лекот е во дефицит и дека останале само три шишенца. Според нејзиниот исказ, Васев ѝ рекол дека поради нејзината возраст лекот имал „повисока ефективност“ и дека ќе ѝ даде едно шишенце, но без тоа да биде запишано во службената документација.

„Деветтиот пат кога дојдов, чекавме ред за преглед. Како и секогаш, ме повикаа во ординацијата, а таму беше д-р Нино со уште две сестри. Врз оснава на мојата историја на болеста ми објасни дека во моментот се дефицитарни со лекот, но имаат сочувано уште три шишенца. Потоа додаде и оти сум помлада, тој ќе има поголема ефективност кај мене. Ми рече дека ќе ми даде едно шишенце, но дека нема да го запише во регистарот дека сум го примила. Го стави шишенцето во историјата и заедно со сестрите отидовме во дневната амбуланта да ми го аплицираат“ рече таа.

Таа објасни дека лекот бил аплициран во дневната амбуланта во присуство на медицинските сестри, но отсуството на запис за терапијата ја натерало подоцна, кога разговарала со семејството, да се прашува зошто постапката не била спроведена како при сите претходни циклуси.

„Сè беше направено неформално, без вообичаениот упат, без потписите што ги дава и матичниот онколог и директорот. Не ми побараа пари, не ми беше сугерирано ништо. Но тоа што не беше запишано – тоа ми остана прашање до денес“, рече таа.

Пациентката истакна дека сама се пријавила да сведочи кога дознала за случајот, бидејќи сметала дека има граѓанска должност да го каже она што го доживеала.

Одбраната на Васев реагираше дека ваков настан не се случил и побара обвинителството да се држи до „финансиските аспекти“ на обвинението, а не да навлегува во медицински процедури.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top