Македонија

МИА: Основниот кривичен и Апелацискиот суд во Скопје ги изиграа 15-те осудени на 200 години затвор за „27 април““, сепак можеа да го повторат судењето!

Јане Ченто во понеделникот поднесе кривична пријава против поранешната обвинителка Вилма Русковска, тврдејќи дека таа сторила кривично дело во текот на постапката за случајот „27 април“, за да изнуди лажно сведочење на сведок во процесот, поради што 15 лица беа осудени за тероризам и добија вкупна казна од над 200 години затвор.
Поводот за ваквиот потег е последната одлука на Апелација од 2 април, со која се одбива барањето на осудените и оштетените од процесот „27 април“ за повторување на постапката во нивна корист. – пишува во анализата на Македонската информативна агенција – МИА во својата редакциска анализа со наслов „Како Основниот кривичен и Апелационен суд во Скопје ги изиграа 15 осудени на 200 години затвор за ‘27 април’?“.

Натаму, покрај другото, во анализата се истакнува: Претходно, на 15 декември, истото го сторил и Кривичниот суд. Осудените велат дека имаат право да добијат нова, пофер постапка во нивна корист поради тоа што по првичната пресуда за тероризам се појавиле нови околности кои, според нив, можат сосема да ја изменат сликата за процесот.

Во последното решение на скопска Апелација се гледа дека осудените во барањето до Кривичен, а потоа и во жалбата до Апелација, се жалат дека имало пропусти во првичната постапка, но и дека имаат индиции дека Русковска сторила кривично дело во постапката и дека тоа резултирало со лажно сведочење на еден од сведоците, што влијаело врз исходот на постапката.

Апелација вели дека ваквите индиции не биле поткрепени со пресуда против Русковска или лажниот сведок, па затоа им го одбива барањето. Но, прашањето е дали пресудата била неопходна или дали апелацискиот совет, составен од судиите Јусуф Ајрулахи — претседател на советот, Лидија Зимбовска и Бетим Јахја — членови на советот, сепак имале законска можност да одлучат да го повторат процесот за кој најголем дел од јавноста смета дека бил претеран, особено во квалификацијата на делото и висината на казните? Основниот кривичен и Апелациски суд во Скопје ги изиграа 15-те осудени на 200 години за „27 април’.

Целата анализа тука.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

To top