Бизнис

Уште една потврда на светскиот квалитет на вината на „Тиквеш“: 21 нова меѓународна награда

Со 21 нова награда освоени на три престижни меѓународни вински натпревари – Balkans International Wine Competition 2026, Vinarium International Wine Contest 2026 и Concours Mondial de Bruxelles 2026 – Винарската визба „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди својата позиција како најнаградувана винарница во Југоисточна Европа

Со 21 нова награда освоени на три престижни меѓународни вински натпревари – Balkans International Wine Competition 2026, Vinarium International Wine Contest 2026 и Concours Mondial de Bruxelles 2026 – Винарската визба „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди својата позиција како најнаградувана винарница во Југоисточна Европа и еден од најуспешните амбасадори на македонското вино на светската сцена.

На годинешното издание на Balkans International Wine Competition, најзначајниот вински натпревар посветен на вината од Балканот, „Тиквеш“ освои вкупно 11 награди, меѓу кои два двојни златни медали за вината „Bela Voda Red 2022“ и „Barovo Red 2022“, како и четири златни и пет сребрени медали. Овој резултат е уште една потврда за лидерската позиција на „Тиквеш“ во регионот. Особено значаен успех „Тиквеш“ оствари и на Vinarium International Wine Contest 2026, еден од најреномираните вински натпревари во Централна и Источна Европа што се одржува во Романија, каде што за првпат учествуваше.

На натпреварот, кој се организира под покровителство на Меѓународната организација за лозарство и винарство (OIV), „Тиквеш“ освои шест медали, меѓу кои и највисокото признание – Голем златен медал, за виното „Babuna Red 2023“, како и четири златни и еден сребрен медал.

Впечатлив е и фактот што, покрај „Тиквеш“, само уште едно македонско вино беше наградено на овој натпревар. Нови значајни признанија пристигнаа и од Concours Mondial de Bruxelles 2026, еден од највлијателните и најреспектирани светски вински натпревари, познат по исклучително строгите критериуми за оценување и интернационалното жири составено од врвни вински експерти.

На ова натпреварување „Тиквеш“ освои четири медали, и тоа два златни и два сребрени, потврдувајќи ја конкурентноста на своите вина и на најпребирливите меѓународни пазари. Меѓу најнаградуваните вина на „Тиквеш“ на овие три натпревари се „Bela Voda Red 2022“, „Barovo Red 2022“, „Domaine Lepovo Grand Cuvée 2023“, „Babuna Red“ од бербите во 2022 и 2023 година, „Babuna White 2025“ и „Luda Mara Vranec 2023“, кои уште еднаш ја потврдија својата препознатливост и конзистентен квалитет пред меѓународните вински експерти.

„Освоените признанија на три исклучително реномирани меѓународни натпревари претставуваат силна потврда за континуитетот на квалитетот што го создаваме и за успешноста на нашата стратегија за развој на врвни вина со јасен идентитет, како рефлексија на тероарот. Овие награди имаат особено значење за нашето позиционирање на странските пазари, бидејќи претставуваат независна и релевантна потврда за квалитетот на нашите вина. Воедно, секое вакво признание придонесува и за зајакнување на имиџот на Македонија како земја што создава вина со светски квалитет и има сѐ поголема препознатливост на меѓународната винска сцена“, велат од „Тиквеш“.

Со преку 100 меѓународни награди годишно, освоени на најзначајните светски вински натпревари, и со присуство на бројни странски пазари, „Тиквеш“ продолжува да ја зацврстува својата позиција како најнаградувана винарница во Југоисточна Европа и еден од најзначајните промотори на македонското вино во светот.

Новите 21 меѓународна награда претставуваат уште една потврда дека преку континуирани инвестиции во лозарството, современите производствени практики и бескомпромисната посветеност на квалитетот, „Тиквеш“ успешно го позиционира македонското вино меѓу вината од најценетите вински региони во светот.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top