Македонија

СП: Путин му бил херој на пироманот кој запали возила пред бугарска амбасада!?

Засега мотивот за инцидентот не е поврзан со Бугарија, туку сторителот наводно се изнервирал зашто на некоја телевизиска репортажа видел дека возилата се паркирани непрописно, фатил автобус од Драчево, дошол во Центар и ги запалил возилата

Човекот кој  вчера потпали возила пред бугарската амбасада во Скопје  на стомакјот имал тетоважа од рускиот претседател, објави, повикувајќи се на свои извори „Слободен печат“.

Извори на порталот тврдат дека засега мотивот за инцидентот не е поврзан со Бугарија, туку сторителот наводно се изнервирал зашто на некоја телевизиска репортажа видел дека возилата се паркирани непрописно, фатил автобус од Драчево, дошол во Центар и ги запалил возилата.
На стомакот осомничениот го има истетовирано ликот на Владимир Путин, претседател на Руската Федерација, за кој велел дека му е херој и идол, објави Слободен печат.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top