Македонија

Мицевски: Обвинителството веднаш да спроведе темелна и сериозна истрага за злоупотребите на разузнавачките и безбедносни служби

Кој, како и зошто дозволил злоупотреба и неовластена употреба на посебни истражни мерки? – прашање, на кое шефот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски бара итен и целосен одговор од јавното обвинителство.

Во едно демократско општество какво што сакаме да бидеме, следење и прислушкување на опозициски лидер, бизнисмени и новинари е сериозен удар и закана врз слободата и довербата во институциите, вели Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Кога службите што треба да ја гарантираат нашата безбедност биле злоупотребувани за лични и политички цели преку неовластено следење и прислушкување на политички опоненти и неистомисленици, тогаш се губи довербата во целиот систем. Тоа не е само нарушување на приватноста и кршење на законите, туку и опасен преседан што ја подрива демократијата и државата, оценува тој.

Мицевски посочува дека јавноста мора да знае: Кој, како и зошто основното јавно обвинителство дозволило злоупотреба и неовластена употреба на посебни истражни мерки? Зошто и за која цел биле прекршени законски пропишаните процедури? Дали токму затоа СДС и ДУИ во Собрание НЕ гласаа за недоверба и смена на јавниот обвинител, Љупчо Коцевски?

-Токму затоа, уште еднаш го повикуваме обвинителството веднаш да реагира и да спроведе темелна и сериозна истрага, за да добиеме гаранција дека секој граѓанин ќе биде заштитен од ваква брутална злоупотреба на механизмите и системот, рече Мицевски.

Најнови вести од: Македонија

Гувернерот Славески: Ќе ја зачуваме макроекономската стабилност и покрај новите ризици

Народната банка внимателно ги следи актуелните трговски и геополитички тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец, кои значително ги зголемија глобалните ризици, предизвикувајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата.

И оние што во летната сезона ќе работат во странство ќе мора да платат данок кон УЈП

Голем број македонски студенти кои во изминатите пет години учествувале во програмите за летна работа во Германија (Work & Travel) се соочуваат со неочекувани барања од Управата за јавни приходи (УЈП) за пријавување и оданочување на нивните приходи остварени во странство, пишува инстаграм страницата Студентарија.

To top