Македонија

Мицкоски: Донесоа декларации дека нема да менуваат име и нема да прифаќаат ултиматуми – па прифатија сѐ

Мицкоски не се согласува со предлогот на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче за донесување на нова декларација во Собранието со „црвени линии“

Премиерот Христијан Мицкоски не се согласува со предлогот на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче за донесување на нова декларација во Собранието со „црвени линии“ во контекст на евроинтеграциите, за ако има ново вето, да се стави крај на преговорите. Според Мицкоски, тоа е само нова „итроштина“.

„Мислам дека СДСМ и ДУИ го потценуваат народот и граѓаните и играат на картата на кратка меморија. Јас ќе ги потсетам дека тие имаа таква декларација во Собранието, да не прифаќаат ултиматуми од Софија, па прифатија сѐ. Имаше и една декларација во Парламентот дека нема да има промена на името, па знаете што правеше СДСМ. Исто така ќе ве потсетам дека ќе ги почитуваа резултатите од референдумот, а потоа не ги почитуваа кога беше неуспешен“, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top