Македонија

Мицкоски: Граѓаните во првиот круг гласаа за Македонија, во вториот круг излезете уште помасовно

Ние ниту еден човек нема да оставиме, за секое место, за секоја општина ќе се бориме

На денешниот настан во општина Лозово под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, во рамки на изборната кампања за вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат следната недела на 2 ноември, се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој се осврна и на кандидатот и актуелен градоначалник на Лозово, Бошко Цветковски посочувајќи дека е трудољубив млад човек, прекрасна личност и голем Македонец, човек којшто го сака своето родно место и човек кој се бори за проект повеќе за Лозово и неговите жители.

„Затоа, сакам јасно ад ставам до знаење дека ја има мојата лична, недвосмислена поддршка и исто така ја има поддршката на владата со која заедно со општина Лозово ќе направиме многу проекти овдека. Така што, јас сум убеден дека Бошко не само што е добар и успешен градоначалник, туку сигурен сум дека ќе биде добар и уште поуспешен градоначалник во следните четири години“, посочи Мицкоски.

Понатаму, Мицкоски истакна дека, на овие избори граѓаните јасно кажаа која политичка партија е таа којашто е нивен избор во Македонија.

„На овие избори во 59 општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата или веќе освои градоначалник, или убедливо води и во шест општини е многу блиску до првото место, односно е второпласирана. Во првиот круг освоивме 33 општини и веќе имаат градоначалници од редовите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, двајца против кандидати на нашите кандидати за градоначалници веќе се откажаа, што значи 35 и од 24 очекувам, сите 24 да бидат градоначалници. Ние ниту еден човек нема да оставиме, за секое место, за секоја општина ќе се бориме, затоа што знаеме дека нашите противкандидати не нудат иднина, туку нудат враќање назад во она тешко минато, минато кога се ограбуваше и национално се понижуваше нашата Македонија. Така што, на крајот овие избори очекувам ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата да имаат 59 градоначалници“, рече Мицкоски.

Додаде дека волјата и недвосмислената поддршка на народот се потврди со тоа што во 58 општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата победија на советничките листи и во најголемиот дел од тие општини. Имаме, кажа Мицкоски, веќе убедливо мнозинство во советите.

Мицкоски зборуваше и за тоа дека на овие избори имаме две опции, едната е масовно да се поддржи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во случајот со Лозово кандидатот и актуелен градоначалник Бошко, со кој е убеден дека многу ќе се направи за општината.

„Втората опција е опцијата која е, практично, коалиција којашто беше влада до пред година и половина, а претходно седум години ја ограбуваше Македонија, ја распродаваше и понижуваше Македонија и ги ограбуваше граѓаните. И таа опција ја нема поддршката на владата. Сакам многу јасно да ставам до знаење дека таа опција ја нема поддршката на владата и не случајно тоа го кажувам тука, затоа што овде резултатот на локалните избори, за жал беше со поддршка за кандидатот за градоначалник којшто доаѓа од таа коалиција на СДСМ и ДУИ која седум години ја ограбуваше и национално понижуваше Македонија. Таа опција ја нема нашата поддршка и ве молам да не паѓаме на лагите на тој кандидат. Тој кандидат доаѓа овде за избори и кога ќе биде поразен повторно ќе го нема и ќе се појави за следните избори. Да гласаме за човек којшто цело време е овде со вас во Лозово“, повика Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Одбележани 26 години од загинувањето на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак во Арачиново

Денеска се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници-херои и македонски херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во 2000 година, при извршување редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново, беа подмолно и сурово убиени во заседа. Хероите на Македонија остануваат вечно вградени во колективната меморија, а нивната жртва ќе продолжи да инспирира сегашни и идни генерации.

ДИК: Излезноста на повторените локални избори зголемена само во Врапчиште, во другите општини намалена

На повторените локални избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше до 11 часот гласале 3 553 избирачи, односно 3,32 проценти од вкупно 128 286 запишани гласачи на 215 избирачки места, информира Државната изборна комисија (ДИК).

Мицкоски организира меѓупартиска лидерска средба, би се разговарало и за укинување на „Пржинската влада“

Премиерот Мицкоски минатата седмица изјави дека планира средбата да се оддржи на 14-ти јануари во Клубот на пратениците. Одлуката на премиерот доаѓа и покрај ставот на најголемата опозициска партија СДСМ да не учествува на таквата средба. 

МАН бара мерки против сите во СДСМ, кои навредуваат новинари и ги земаат како цел

Македонската асоцијација на новинари жестоко реагира на пресот на Филипче и бара да се преземат мерки и против новиот политички стратег на СДСМ, ПР агенцијата Прагма, која, како што велат, е одговорна за противзаконско делување на македонска политичка партија.

To top