Македонија

Мицкоски: Кога граѓаните бараат надеж, медиумите пренесуваат визија, објаснуваат реформи и потикнуваат јавна дебата

Новинските агенции секојдневно ја пишуваат првата страница на вистината, создавајќи јавна меморија, градејќи доверба и одржувајќи ја демократијата жива. Во услови на глобална поврзаност, медиумите се столб на демократијата, информираат, инспирираат, обединуваат и создаваат клима за просперитет, порача премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на 33. Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански новински агенции – Југоисточна Европа (АБНА-ЈИЕ), организирано од Медиумската информативна агенција – МИА во Скопје.

mia.mk

Новинските агенции секојдневно ја пишуваат првата страница на вистината, создавајќи јавна меморија, градејќи доверба и одржувајќи ја демократијата жива. Во услови на глобална поврзаност, медиумите се столб на демократијата, информираат, инспирираат, обединуваат и создаваат клима за просперитет, порача премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на 33. Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански новински агенции – Југоисточна Европа (АБНА-ЈИЕ), организирано од Медиумската информативна агенција – МИА во Скопје.

– Во време на економски и социјални предизвици, кога граѓаните бараат сигурност и надеж, медиумите можат да пренесат визија, објаснат реформи и поттикнат јавна дебата. Нашата држава цврсто стои на ставот дека нема демократско општество без слободни медиуми. Слободата на говор е темелна вредност и ние сме решени да ја унапредуваме и гарантираме простор каде секој новинар може слободно да праша, истражува и објави без притисок и страв. Вистината мора да биде поважна од секоја политичка или економска моќ, нагласи Мицкоски.

Во ерата на дигитализација и социјални мрежи, дезинформациите се шират како вирус, создавајќи недоверба и поткопувајќи ја довербата, истакна премиерот.

– Нашата Влада поттикнува и охрабрува дебата, да бидеме пример со цел да ги оспособиме младите генерации критички да ги препознаваат и анализираат изворите на информациите, порача Мицкоски.

Балканот и Југоисточна Европа, долго време симбол на поделби и конфликти, денес имаат задача да станат симбол на соработка и просперитет, а медиумите можат да бидат мостови меѓу земјите.

– Сакам да потсетам на иницијативата за регионална размена на вести, меѓу новинските агенции што веќе дава резултати. Кога нашите граѓани ќе читаат позитивни вести од соседството, тогаш предрасудите се рушат, а пријателствата се градат, порача Мицкоски.

Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик за медиумската сцена и демократијата.

– Разликата меѓу конструктивна критика и дезинформација е исто толку голема колку и демократија и манипулација. Нашата Влада нема да замолчува критики, но нема да дозволи лагата да се претвори во норма. Затоа вложуваме во медиумска писменост и поттикнуваме професионални медиуми. Владата е цврсто определена да биде партнер на медиумите. Работиме цврсто на подобрување на условите и професионализација и поттикнување на регионалната соработка, рече Мицкоски.

Пред Генералното собрание, се одржа конференција на тема „Утврдување на вистината во новинарството“, отворена од генералниот директор на МИА, Дарко Јаневски.

– Темата за вистината во новинарството. Проблем и задача кои постојат од самите почетоци на оваа наша професија, за некого убава, за некого проклето тешка и напорна работа, но која дава извонредно задоволство кога на крај ќе имате успешен резултат. Затоа, задача на современото новинарство не е само да информира, туку и да ја открие вистината. Да ја разобличи лагата и сето да тоа му го понуди на граѓанинот. Да ја подигне неговата свест, да го подобри неговиот живот. Треба да се заложиме за малку повеќе. Да бидеме похрабри. Да, тоа носи ризик и од грешка, но зарем постои професија во која не постои ризик од грешка, порача Јаневски.

На 33. Генерално собрание на АБНА-ЈИЕ во Скопје учествуваат првите луѓе на националните новински агенции од Балканот, Медитеранот и Европа или нивни претставници. Одлуката МИА да биде домаќин беше донесена на 32. Генерално собрание во Истанбул, организирано од турската агенција Анадолија.

АБНА-ЈИЕ вклучува 12 новински агенции: МИА, АТА, Анадолија, ФЕНА, БТА, ХИНА, ЦНА, АНА-МПА, Косова прес, МИНА, Аџерпрес и АНСА. На 30. Генерално собрание во Бургас во 2022 година, АБНА-ЈИЕ од неформална организација стана формална асоцијација, регистрирана како правно лице со статут и правила, усогласени со европските стандарди и правила на Европската Унија.

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски, избран за член на Високиот совет на Светската федерација на стопански комори

 Сојузот на стопански комори на Македонија ја информира јавноста дека претседателот Трајан Ангелоски учествува на 14-тиот Светски конгрес на стопански комори (14WCC), кој се одржува од 2 до 4 септември 2025 година во Мелбурн, Австралија. Во рамки на овој значаен глобален настан, претседателот Ангелоски беше избран за член на WCF General Council – највисокото управно […]

Ислам Абази ќе го истражува Љупчо Коцевски за прислушувањето

„Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите“, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во врска со информациите од АНБ за следење на политичари и новинари.

Детали за групата од АНБ која била задолжена за следење на политичари, новинари, бизнисмени

Група од околу десет вработени, предводена од Виктор Димовски, поранешен директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), и Јовче Ременски, поранешен висок функционер во Агенцијата, имала задача да идентификува „непријателски елементи“ во државата.

ВМРО ДПМНЕ: Дали СДС ги злоупотребила службите за безбедност и разузнавање да го следат и прислушуваат Мицкоски со знаење на Коцевски

Злоупотребата на државните институции за партиски и политички цели е познат начин на делување на СДС, кој тие редовно го применуваат

Меџити: Затворивме важна тема, која ДУИ не ја реши 20 години

Вицепремиерот и кандидат од Вреди за градоначалник на Чаир Изет Меџити им се обрати на градоначалниците на општините, кои доаѓаат од ДУИ, со апел да не ги кочат проектите, што ги започна Вреди како дел од Владата.

Најнови вести

To top