Македонија

Мицкоски: Купуваме 100 нови возила за Брза помош – За „Млад земјоделец“ 117 пријави со вредност од 70 милиони денари

Новите современи амбулантни возила за Брзата помош ќе бидат распределени во јавните здравствени установи ширум државата, а поддршката за младите земјоделци ќе се стави во функција веднаш по завршувањето на локалните избори.


Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави дека Владата на Република Македонија одлучила да купи сто нови, современи амбулантни возила. Тој ја соопшти оваа информација, оговарајќи на прашање околу планираната набавка на медицинските возила, поради амортизираноста на постојните. Мицкоски присуствуваше денес на увидот во градежните работи на новата детска градинка во Потстаница, Драчево во Општина Кисела Вода. Тој истакна дека на претходната владина седница е донесена одлуката да се започне процесот за набавка на сто новоопремени амбулантни возила.

“Наш главен приоритет е обновата на овој тип на возен парк во јавните медицински установи, со оглед дека е таму е катастрофална и алармантна состојбата: таму луѓето се потпираат на оние возила, кои се донација. Затоа како Влада на последната седница донесовме одлука за отпочнување на 100 нови модерно опремени возила, кои ќе бидат распределени во јавните здравствени установи ширум државата” – посочи претседателот на владата Мицкоски. 

Тој беше запрашан и за мерката „Млад земјоделец“. „Поради изборните ограничувања, не можеме да ја претставиме, иако е завршен огласот и филтерот е направен. Има 117 корисници-пријавители за околку 70 милиони денари.“ – нагласи Мицкоски. 

Според него, мерката за поддршката за мерката „Млад земјоделец“ е многу значајна, иако бројката 117 не наликува дека е премногу голема. „Станува збор за неколкукратно зголемување, кога ќе се има предвид дека во 2023 година од 44 пријавители само 18 се корисници. Веднаш по завршувањето на локалните избори,  кога ќе ги немаме овие законски ограничувања, ќе биде ставена во функција и формално оваа мерка за поддршка на младите земјоделци.“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Новинарката Лиридона Вејсели испрати жалба до апелација

Новинарката Лиридона Вејсели поднесе жалба до Апелациониот суд против пресудата на Основниот суд во Гостивар, со која е осудена на глоба од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ – поради тоа што во својот новинарски текст го објавила името и презимето на судијата Назиф Иљази од Основниот суд во Тетово.

Која е македонската фирма која се поврзува со запленетата дрога вредна 50 милиони евра

Компанијата која е дел од синџирот вреден 50 милиони евра а е регистрирана во скопско за производство и преработка на медицински канабис за само еден месец пренесле дрога тешка 5 тони

To top