Македонија

Мицкоски: Математички но и било како гледано, 6,5 проценти е речиси двојно повеќе од 3,5 проценти

Математички, но и било како гледано, 6,5 отсто е речиси двојно повеќе од 3,5 проценти.

Добро е да се спореди економскиот напредок за време на седумгодишното владеење на СДСМ и ДУИ, од јуни 2017 до мај 2024 година, кога реалниот раст на нето-платите на вработените во Македонија изнесуваше околу 3,5 проценти, со првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, од јуни 2024 до јуни 2025 година, кога реалниот раст на нето-платите достигна 6,5 проценти, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на вчерашниот повик на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за зголемување на минималната плата.

Математички, но и било како гледано, 6,5 отсто е речиси двојно повеќе од 3,5 проценти. Селективниот пристап и ваквиот тип на политика на СДСМ донесе резултати во Македонија како што бевме сведоци изминатите седум години, катастрофални и унуштувачки. Но она што е поважно и мој совет до раководството на СДСМ е дека тие со ваквиот селективен пристап ја уништија и сопствената партија, истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на РЕК Битола.

Мицкоски ги повика СДСМ да бидат конструктивна опозиција и, како што нагласи, наместо да шират невистини и да манипулираат, да предложат конкретни идеи што би го подобриле животот на граѓаните, а истовремено би биле предизвик за Владата да ги прифати и вклучи во своите политики.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top