Македонија

Мицкоски на Форумот на повратници во државата: Вратите на Македонија се широко отворени

Мицкоски рече дека нивното враќање не е симболично и е порака дека корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува

Денес зборувам пред луѓе кои носат посебна тежина во ова општество, луѓе кои ја знат татковината одвнатре и од надвор. Луѓе кои заминале не затоа што сакале да ја напуштат татковината туку затоашто животот, времето и околностите ги натерале да бвараат подобри услови, сигурност и перспектива. И, најважно луѓе кои се вратиле тука и започнале нова успешна приказна, истакна денеска во своето обраќање на Форумот на повратници во Македонија премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски рече дека нивното враќање не е симболично и е порака дека корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува.

-Вашето враќање не е симболично, тоа е суштинско. Тоа е порака дека Македонија не е заборавена, дека корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува без разлика на годините и далечината, рече премиерот.

Многумина заминаа затоа што нема избор, затоа што сакаа подобро образование за своите деца, посигурна работа, достоинствена плата, стабилен живот, додаде премиерот.

-Сакам јасно и искрено да кажам, ние не можеме да се лутиме на оние кои заминале, ги разбираме. Ја разбираме нивната мака, ја разбираме нивната мака, нивната борба. Знаеме дека многумина замина затоа што нема избор, затоа што сакаа подобро образование за своите деца, посигурна работа, достоинствена плата, стабилен живот и тоа е нормална човечка потреба, тоа е борба за иднина. Но, исто така знаеме и нешто друго дека колку и да оди човек далеку, серцето секогаш го влечи назад затоа што како што мудро вели нашиот народ каменот тежи на своето место. Каде и да одите низ светот, колку и да сате успешни таму секогаш ќе бидете дојденци, посочи Мицкоски и подолжи:

„Само дома си свој, само дома твоето име твојот труд имат длабок корен и трајна вредност, вие што денес сте тука, сте жив доказ за тоа. Вие покажавте, знаењето и искуството стекнато надвор не се губат кога ќе се вратите туку добиваат смисла стануваат темел за нови бизниси, нови работни места, нови идеи и нова енергија во нашата економија. Земјата не е денес земја што стои во место, Македонија се менува и се развива, економијата расте, се инвестира во индустријата, во енергетиката, во во инфраструктурата. Се градат патишта, фабрики, капацитети што носат додадена вредност. Се отвара простор претприемништво за иновации за младите и за ониое што сакаат да вложат и да создаваат дома. Како влада нашата обврска е да создадеме услови, да обезбедиме стабилност, правна сигурност, поддршка за инвестици и јасна насока за развој. Но ниту една стратегија ниту еден план не може да успее без луѓето, државата не се гради само со институции, државата се гради со умови, со знаења, со искуство, со храброст да се преземе одговорност. Затоа велиме гласно, ни требат сите, ни треба секој Македонец кој сака да придонесе, ни треба секој што научил нешто надвор и е подготвен тоа да го вложи дома, ни треба секој што верува дека оваа земја може и мора да биде подобро место за живеење“.

Мицкоски испрати силна порака до иселениците дека вратите на Македонија се широко отворени за сите.

Преку вашиот приемер, денес испраќаме порака до сите наши луѓе родум од Македонија ширум светот. Ве разбираме, ве почитуваме и вратите се широко отворени. Не ветуваме лесен пат, но ветуваме смисла. Нудиме можност да се биде дел од нешто поголемо, нудиме шанса трудот да не биде само личен успех туку и придонес за заедницата и идните генерации. Домот не е совршен, се гради, се поправа, а нашата заедничка Македонија денес е токму тоа, дом што се гради во кој има место за сите свои луѓе. Вие сте дека може, вие сте пример дека враќањето е сила и вие сте гласот што најдобро може да им каже на другите дека каменот кога ќе се врати на своето место тежи најмногу, рече премиерот Мицкоски во своето обраќање.

Најнови вести од: Македонија

Чулев: Судот утврди дека одземањето на безбедносниот сертификат и моето отпуштање биле незаконски

Човек кој речиси 25 години чесно служел во безбедноста на државата и соработувал со меѓународни партнери, одеднаш беше прогласен за „безбедносен ризик“ – не поради дело, туку поради политичка одлука

Дали денешната средба на косовското Ветвендосје на Албин Курти со Албанци во Скопје е најава дека ќе ги прошири активностите и во Македонија?!

Веќе 14 години во оптек е идејата, поточно намерата на Албин Курти, доскорешен премиер на Косово, и актуелен лидер на косовската партија Движење Ветвендосје (Самоопределување) да отвори свој огранок, или центар, и во Македонија. Засега нема поблиски информации дали би можело наскоро таа идеја и намера да се реализира, со тоа што партијата на Курти би го проширила своето политичко дејствување и на територијата на Македонија. Инаку, Ветвендосје одржува блиски контакти и тесна соработка со коалицијата Вреди.

Пренџов: Заев и Филипче ѝ дадоа на Бугарија што бараше 150 години, но Бугарите во Уставот ќе влезат кога и Македонија и Македонците во ЕУ!

„Тоа што го бара Бугарија не е ново, тоа Бугарија го бара 150 години и ниеден претходно не го направил тоа, што што го направија Заев и Филипче. Предупредувавме дека ќе завршиме во ќорсокак, дека на Македонецот му е доста од понижување. Предупредувавме дека покрај сменето име, презиме, банкноти, 20 пати Устав сменето, знаме сменето, не сакаме повеќе да бидеме луѓе, кои ќе ја наведнуваме главата, научени да губиме, а ништо да не добиваме. Ние сме нова политичка номенклатура, но ги држиме македонската традиција и македонскиот идентитет по секоја цена! Кога се работи за Македонија, за нашите предци и за нашите поколенија, мора многу сериозно, многу стратегиски и многу мудро да се размислува. Не велиме дека никогаш нема да има Бугари во Уставот, но велиме дека велиме кога Македонците ќе влезат во ЕУ тогаш и Бугарите ќе влезат во нашиот Устав!“ – изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Љупчо Пренџов во гостувањето во ТВ Канал 5.

To top