Македонија

Мицкоски: На локалните избори ќе победи владината коалиција – Левица ќе има кандидати во Тетово, Гостивар и Струга, само за да ја спасува ДУИ

„Не можеме наеднаш да поправиме се што било уништувано со децении. Направивме многу, а уште повеќе останува да се направи. Ветувавме чесна и напорна работа и тоа го правиме во изминативе 15 месеци. Нема криминал, скандали на грабеж, на висока корупција, како што имаше секој ден во изминатите години.“ – посочи претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто, дадено за ТВ Алсат М вчеравечер.

„Според бројките и анкетите, на локалните избори ќе победи владината коалиција.“ – нагласи премиерот Христијан Мицкоски.

Запрашан за одлуката на Левица да оди на избори со свои кандидати во Тетово, Гостивар и Струга, со образложение дека „не ја забораваат западна Македонија“, Мицкоски одговори дека со тоа Левица ја спасува ДУИ. Во изборниот процес учествувате, за да победите. Левица кажа дека не ја забораваат западна Македонија и оти ќе имаат кандидати во Тетово, Гостивар и Струга. Но, зошто и во другите општини во западна Македонија немаат свои кандидати? Ако знаете дека нема да победите, а кандидирате кандидат, тогаш сте или нефер кон кандидатот, или имате друг политички договор: да бидете прокси кандидат, а да победи некој друг.“ – рече Мицкоски.

Тој се осврна и на тоа зошто ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе имаат кандидат за градоначалник во Кичево, но не и во Тетово, Гостивар и Струга. Во Кичево мислиме дека ќе победиме, а во Тетово, Гостивар и Струга и во други општини, каде што сметаме дека не можеме да победиме и нема да имаме свој кандидат, затоа ќе го поддржиме коалицискиот партнер.“ – изјави Мицкоски.

Во однос на ДУИ тој ги отфрли тврдењата дека со критиките за криминал и корупција го крева нејзиниот рејтинг. На прашањето дали по обвинувањата за криминал и корупција има приведени членови на ДУИ, рече дека има 20-тина кривични пријави против високи функционери на ДУИ, но зошто не се процесуирани и се на слобода за тоа одлучуваат обвинителството и судот, а не Владата.

Мицкоски потсети на неговата изјава дека ДУИ ќе оди во опозиција и тоа навистина се случи и тие веќе 15 месеци се во опозиција. За обвинувањата дека за сè е виновна претходната власт, кажа дека тоа се луѓето, кои седум години го уништуваа системот, ги клекнаа институциите на колена и го направија најголемиот грабеж во историјата, и тоа не може да се поправи за 15 месеци, иако оваа влада досега успеа да поправи многу.

Не можеме наеднаш да поправиме се што било уништувано со децении. Направивме многу, а уште повеќе останува да се направи. Ние сме единствената влада, која привела министер од сопствените редови, тоа не се случило никому, а знаеме дека е голем бројот на министри, кои учествувале во такви девијантни однесувања во минатото. Ветувавме чесна и напорна работа и тоа го правиме во изминативе 15 месеци. Нема скандали на грабеж, криминал, на висока корупција, како што имаше секој ден во изминатите години.“ – посочи премиерот Мицкоски.

За тоа дали актуелната власт е одговорна, како што нагласи, ќе решат граѓаните на изборите.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Заев и СДСМ беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во времето на Зоран Заев и СДСМ, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа. Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени, велат од владејачката партија.

(Фото): Премиерот и градоначалникот на Скопје во ноќна обиколка на градот – како течат работите?!

Премиерот Христијан Мицкоски  и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во ноќна обиколка на метрополата извршиле увид на градежните работи на  булеварот Македонија, со кој Скопје ја добива својата прва подземна сообраќајница. Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук вели дека работата се одвива со засилена динамика, десетици камиони и градежни машини се на терен, дури и во […]

Прочка – празник за проштавање и покајание – Како, кому и колку да простуваме?!

Прочка или Велики поклади – ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост. Прочка е подвижен празник, датата му се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред  Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов […]

(Видео): Нема решение без систем, а ни “С ” од систем без одговорност, реагира „Анима мунди“

Популацијата на бездомни животни е предвидлив, математички објаснив феномен -секое нестерилизирано животно создава експоненцијален раст на нови генерации. Затоа мерки како масовно стационирање, дислокации или еутаназија никаде не дале трајни резултати. Напротив, создаваат „вакуум ефект“ – испразнетиот простор повторно се пополнува ако изворот остане неконтролиран.

To top