Македонија

Мицкоски од Бутел: По 30 години, полициските службеници добиваат нова полициска станица

Најголема благодарност до трпението на полициските службеници кои работеле во овие услови изминативе неколку децении

„Благодарам најпрвин на вас медиумите што сте тука денеска со нас да можете да го документирате ова што денеска го гледаме, рече во своето обраќање претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Градоначалникот и министерот за внатрешни работи кажаа тоа што е важно да се каже односно каде работеле повеќе од 30 години полициските службеници, што ќе се случува на местото на тие бараки, паркот, културниот мултифункционален дом или сето она што треба да се направи претставува додадена вредност овде во Бутел. Генерално сите оние технички параметри беа кажани, јас само сакам да им се заблагодарам на полициските службеници на нивното трпение коишто го имале изминативе децении, некои таму почнале да работат и се пензионирале во оние услови, видовте каде работеле, тоа се стандарди на се личат само не на зграда на полициска станица. Треба многу трпение сето тоа да се издржи и да се одговори на задачите коишто биле секојдневни, така што голема благодарност до нив за трпението. Благодарност нормално до министерот, до министерот за социјална политика, демографија и млади, до заменикот до градоначалникот на Општина Бутел што сето ова го направија заеднички, Министерството за внатрешни работи, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Општина Бутел, Владата во целиот овој процес се разбира како нераскинлив дел, ние и понатаму ќе продолжиме да поддржуваме вакви проекти и се надевам дека се помалку вакви отворени позиции ќе има во државата коишто ќе треба да се решаваат секојдневно, истакна Мицкоски.

Така што уште еднаш благодарност до министерот за внатрешни работи, министерот и заменикот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, до Општина Бутел и до сите страни коишто беа вклучени и најголема благодарност до трпението на полициските службеници кои работеле во овие услови изминативе неколку децении, додаде Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика, започнуваме постапка за изградба на автопат и од Фариш до Прилеп

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината

Законот за високо образование нема да се повлече, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на седницата на Собранието посветена на пратеничките прашања од опозицијата рече дека нема намера да ги повлече предложените измени во Законот за високо образование, наспроти поплаките од универзитетите и барањата од опозицијата тоа да го стори.

Тошковски за донацијата од САД за бомбашкиот оддел на МВР: стратегиското партнерство ја јакне безбедноста на Македонија!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството присуствуваше на предавање на опрема, обезбедена во соработка со американската амбасада во Македонија и програмата АТА. Се работи за донација за опрема за потребите на Единицата за откривање и демонтирање експлозивни средства и направи во Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал.

Вчера уапсени шестмина, возеле без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол!

Во текот на вчерашниот ден, полицијата на целата територија на Македонија лиши од слобода шест возачи, од кои четири за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија и еден под дејство на алкохол.

To top