Македонија

Мицкоски отвора врати за инвестиции: Средба со раководителот на Комората на Дубаи

Денеска во Свечената сала на Владата на Република Македонија ќе се одржи работна средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и Мохамед Али Рашед Лута, претседател и главен извршен директор на Стопанската комора на Дубаи.

Денеска во Свечената сала на Владата на Република Македонија ќе се одржи работна средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и Мохамед Али Рашед Лута, претседател и главен извршен директор на Стопанската комора на Дубаи. На средбата ќе присуствуваат членови на кабинетот на Мицкоски, претставници од стопанските комори во земјава, како и бизнис-делегација од Дубаи.

Оваа посета е продолжение на успешните контакти меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати, особено по официјалната посета на премиерот Мицкоски во април 2025 година, кога се дискутираа можности за зајакнување на економските врски, трговијата, инвестициите и технолошкиот развој. Средбата е дел од пошироката бизнис-иницијатива што треба да отвори нови проекти и партнерства меѓу македонските и емиратските бизнисмени.

Во отворениот дел за јавноста, свое обраќање ќе имаат премиерот Мицкоски и Лута. Ова ќе биде можност за размена на идеи за потенцијални инвестиции, особено во сектори како транспорт, енергија и технологија, каде Дубаи има силно присуство. По формалната средба, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, ќе биде домаќин на неформално коктел-дружење во Хотелот Александар Палас, каде ќе учествуваат бизнис-тимови од двете страни и владини претставници.

Оваа средба доаѓа во контекст на македонските напори за привлекување странски инвестиции, со цел да се зголеми трговската размена со Блискиот исток. Според претходните дискусии, фокусот е на конкретни иницијативи што би можеле да ја поттикнат соработката, вклучително и заеднички проекти во инфраструктурата и иновациите.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): „Приказна што спојува генерации“: „Алкалоид“ со промотивно видео како дел од 90-годишниот јубилеј

„Алкалоид“ годинава одбележува 90 години постоење, а како дел од активностите по повод одбележувањето на големиот јубилеј компанијата на своите профили на социјалните медиуми објави промотивно видео во кое низ семејна приказна ги поврзува минатото и сегашноста.

Велјановски: ЈО да истражи зошто, поради СДСМ и ДУИ, РМ плати 4,6 милиони евра провизии за неповлечени пари за железничкиот Коридор 8?!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски денеска обвини дека владеењето на СДС и ДУИ оставило сериозни последици врз реализацијата на железничкиот Коридор 8, повикувајќи се на наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

To top