Македонија

Мицкоски: „Приказната за Силјан“ допира од Скопје до Лондон и Њујорк

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, вечерва присуствуваше на премиерата на документарниот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска и ги сподели впечатоци на социјалните мрежи:

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, вечерва присуствуваше на премиерата на документарниот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска и ги сподели впечатоци на социјалните мрежи:

Вечерва имав чест да присуствувам на филмот „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска дело кое уште еднаш потврдува дека македонската кинематографија има глас што одекнува далеку надвор од нашите граници, светско, а наше!
Филм што допира од Скопје до Њујорк, од Скопје до Лондон.
Искрени честитки за брилијантното остварување и надеж дека ова е само еден од многуте идни успеси со кои ќе се гордееме.

По глобалниот успех на „Медена земја“, Тамара Котевска со овој филм – откупен од National Geographic, наградуван на фестивали како Венеција и македонски кандидат за Оскар – повторно докажува дека е еден од најсилните гласови во современиот документарен филм. Ова моќно, поетско дело продолжува да ја носи македонската приказна низ светот и да инспирира генерации.

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top