Македонија

Мицкоски: Се срамиме пред Стразбур од оние кои го контаминираат судството и обвинителството

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро реагираше на одлуката на Уставниот суд да поведе постапка за уставноста на линеарното зголемување на пензиите, поврзувајќи ја со наводни политички притисоци од претходната власт и барањата на судиите за повисоки плати.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро реагираше на одлуката на Уставниот суд да поведе постапка за уставноста на линеарното зголемување на пензиите, поврзувајќи ја со наводни политички притисоци од претходната власт и барањата на судиите за повисоки плати. Тој ја поврза иницијативата на судијката Добрила Кацарска со случајот „Тенк“, тврдејќи дека истата судијка, која наводно водела политички мотивирани судења, сега „ги атакува пензионерите“ и сака да им го одземе правото на зголемување од 2.000 денари.

„Забележав дека во соопштението јасно стои дека имаат забелешки на процесот, начинот на судењето, нарушување на човековите права и отвораат предмет да го разгледаат тој процес. Ќе ве потсетам дека за вакви случаи ние подолго време зборуваме. Тоа се овие судии на кои им е мала платата, сакаат двојно, тројно поголема. Партиски октроирани и заробени од страна на претходната влада“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека Стразбур веќе ги осудува македонските судења поради сериозни пропусти, а ваквиот судија „денес ги удира пензионерите за линеарното зголемување на пензиите“.

„Видете кој го водеше овој случај Тенк и видете каде се наоѓа тој судија денес. И не престанува тој судија денес ги атакува пензионерите за линеарното зголемување на пензиите, сака тоа право да им го одземе, а од друга страна бараат двојно, тројно поголеми пати. А гледате какви пресуди политички октроирани носат. За жал мораме да се срамиме и црвенееме пред Стразбур, поради ваквите малкумина судии кои за жал го контаминираат нашето судство и малкумина обвинители кои за жал го контаминираат нашето обвинителство.“

Мицкоски нагласи дека правосудството бара суштински реформи, а не зголемување на платите, кои и сега се „драстично поголеми“ од просечната во земјата.

„Јас уште еднаш ќе кажам, реформи во делот на судството и обвинителството се апсолутно потребни, но суштински реформи, а не зголемување на платите на овие судии кои што не ја заслужуваат ни оваа плата, која што е драматично поголема од просечната плата во државата. Така што, апсолутно да ја прочитав оваа информација која дојде од Стразбур и само таа е потврда за октроираното судство кое што за жал поединци внатре се заложници на претходната влада на СДСМ и ДУИ.“

Оваа изјава доаѓа по вчерашната одлука на Уставниот суд да отвори постапка за член 2 од Законот за пензиското осигурување, каде се сомнева дека линеарниот модел создава дискриминација меѓу пензионерите со различен стаж и придонеси.

Најнови вести од: Македонија

Стартува системот влез и излез за патување во ЕУ – Македонците ќе чекаат повеќе

Европската комисија потврди системот за влез и излез од утре станува целосно оперативен на сите надворешни граници на ЕУ. Сите патници што доаѓаат од земја што не е дел од ЕУ ќе мора да ги остават своите биометриски податоци, фото и отпечатоци од прсти во системот. Од Брисел велат има технички проблеми со системот кај некои земји членки за што до есен ќе дозволуваат негово делумно суспендирање во случај на предолги чекања на границите.

Тим на УНЕСКО во мај доаѓа во Охрид и Струга – Мицкоски: За Коридорот 8 има решение, но што да правиме со надградбите?!

Во втората половина на мај, делегација на УНЕСКО се очекува да дојде во Македонија за одблиску да разгледа можност за решение за делницата Требеништа–Ќафасан од Коридорот 8 во заштитената зона на Охридското езеро. Премиерот Мицкоски изјави дека проблем не е само трасата, туку и бесправните градби во Струга и Охрид, направени во изминатите години и покрај предупредувањата за можно отстранување од листата на светско културно и природно наследство. Тој додаде дека жителите имаат проблеми со градежните ограничувања поради проширување на семејствата.

Костадиновски: Никој нема да го чепне албанскиот јазик, неточно е дека некој сака да ја намали неговата употреба, затоа да не се манипулира со ова!

„Сакам да упатам еден апел, бидејќи премногу се манипулира со ова прашање. Никој нема да го чепне албанскиот јазик. Уставниот суд постои, за да помогне во уставно-загарантираните права дали се јазични, дали се соодветна правична застапеност, да бидат заштитени а не да ги укине. Тие се уставна категорија така што не ги прифаќам никако тие квалификации дека некој сака да го укине албанскиот јазик, да ја намали употребата, или да го загрози албанскиот јазик. Тоа е апсолутно неточно!.“ – нагласи претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Дарко Костадиновски во интервјуто за емисијата „Со факти”, емитувана на 08.04.2026 година на МРТ 1.

Хаџиу: Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност! Ако продолжи нивното потценување како државотворен чинител, ќе се отвори пак фронт во Балканот!

„Албанците во Македонија се соочуваат сега со политичка практика, која ги потценува и ги релативизира, иако се државотворен чинител, а на ова нема никаков јасен и силен одговор од официјална Тирана. Секое слабеење на Албанците како фактор не е само нивно прашање. Тоа е отворање нов фронт во област, која отсекогаш била кревок тампон на Балканот.“ – наведува новинарот и политички аналитичар од Косово Батон Хаџиу во својата колумна со заканувачки наслов „Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност!“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје.

To top