Македонија

Мицкоски: Тезата на СДСМ дека платите се намалувале, не држи вода

Бруто и нето платата во јули е повеќе за 10,5 проценти поголема од јули 2024 година, линеарно се зголемија и пензиите, вели премиерот

Државниот завод за статистика објави податок дека и бруто и нето платата во јули е повеќе за 10,5 проценти поголема од јули 2024 година, којашто впрочем беше и првиот месец од оваа Влада. Така што тезата на СДСМ дека платите не само што не растеле, туку и се намалувале не држи вода, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за коментар на најновите податоци за просечната плата, што ги објави ДЗС.

„Исто така СДСМ има уште една теза повторна лажна, а тоа е дека сме ги задолжиле неродените генерации. Министерството за финансии излезе со јасен дијаграмски приказ, колкав е процентот на државниот и јавниот долг од Бруто домашниот производ(БДП) и многу лесно можете да забележите дека на крајот од вториот квартал заклучно со месец јуни 2025 за првпат после многу долго време и државниот и јавниот долг се намалени – едниот за 4 отсто, другиот за 2,7 отсто, изјави Мицкоски.

Тој заклучи дека со овие податоци уште една теза на СДСМ дека како Влада ги задолжиле неродените генерации паѓа во вода.

„Мојата препорака до нив би била да бидат конструктивна опозиција, да научат од грешките во минатото, да не ги повторуваат и набргу од денеска да бидат фактор којшто ќе им служи на граѓаните, пред се“, вели Мицкоски.

Прашан за стапката на сиромаштија, дека секој петти Македонец е сиромашен, а секое трето дете е сиромашно, премиерот Мицкоски со одговор дека овие податоци се од 2023 година, и какошто вели „токму тоа беше причината зошто како Влада многу внимателно да се движиме макроекономски“.

„Јас не знам кои се тие експерти, коишто вака ве брифираат. Но, јас би сакал да ве дебрифирам, ако тогаш буџетскиот дефицит беше над 5 отсто, оваа година буџетскиот дефицит ќе биде под 4 отсто. Што значи макроекономското консолидирање продолжува.

Платите продолжуваат да растат, инфлацијата полека се стабилизира, рече премиерот..

„Очекувам да продолжи трендот на намалување на инфлацијата и стабилизирање во под 4 отсто. Бруто домашниот производ четири квартали по ред расте 3, 3,2 и 3,4 проценти. Најголемиот генератор на сиромаштија и токму затоа овој лакински фактор е таков – се пензионерите, односно оние пензионери, кои во времето на транзицијата, за жал, тука спаѓаат и нашите родители, останале без работа поради приватизацијата таква-каква што беше и тие како некои не можеа да уживаат во своите пензионерски денови, бидејќи некој тогаш во процесот на приватизација не им ги плаќал придонесите и пензиско и здравствено, подвлече Мицкоски.

Според него, тоа била причината и мотивот зошто како Влада се одлучиле на линеарно зголемување на пензиите, а коишто заклучно сега со оваа пролет ќе изнесуваат 7.000 денари по пензионер.

„Дали е доволно? Не е, но дали е повеќе, е. И дали сето ова како слика ќе влијае, кога ќе се објавуваат овие лакински параметри за 2025 година, јас сум сигурен дека ќе влијае позитивно“, рече Мицкоски во изјавата при посетата на Општина Ѓорче Петров.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

Петрушевски: Паника и хистерија во СДС, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?!

Осврнувајќи се на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби во владата на СДС, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 дека би требало институциите независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДС стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителството и кој би седнал до него на обвинителната клупа, ако она што тој го изнел иницира поширока одговорност за можни злоупотреби во рамки на поранешната влада.

Нова трагедија со паѓање од балкон овојпат на 10-годишно дете во Тетово

„Денеска, на 3.03.2026 година околу 9 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово. Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово. Животот го изгубило по паѓањето од балконот.“ – соопшти денес тетовска полиција.

To top