Македонија

Министерката за енергетика во посета на лабораторијата за проверка на броила на Електродистрибуција

Проверка на исправноста на броилата по барање на корисниците

Телото за инспекција на броила за електрична енергија на Електродистрибуција кое е акредитирано по меѓународни стандарди и служи за метролошко испитување на броилата, денес беше посетено од Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска.

Ова тело врши проверка на исправноста на броилата побарање на корисниците. Неговата работа опфаќа редовна и вонредна проверка на броилата, метролошка контрола на нивниот квалитет, како и вонредна инспекција на исправноста на броилата (А-тест) со цел да се обезбеди точност, сигурност и доверливост при мерењето на потрошената електрична енергија.

Посетата произлезе по реализација на 13-тата редовна надзорна оценка на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија и Бирото за метрологија при Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, кои повторно годинава потврдија дека Телото за инспекција на броила целосно ги исполнува барањата на меѓународниот стандард МКС ЕN ISO/IEC 17020.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, во придружба на директорот на Бирото за метрологија, г-дин Седад Рушани, ја разгледаа опремата што се користи во лабораторијата, вклучувајќи ги и седумте современи испитни станици произведени од германската компанија ЕМХ. Тие се запознаa со професионалниот тим којсекојдневно обезбедува прецизни, сигурни и транспарентни метролошко испитувања на броилата.

Нашата земја располага со висококвалификувани лаборатории кои работат според највисоките меѓународни стандарди. Прецизното испитување на броилата е клучен сегмент во создавање доверба кај потрошувачите, бидејќи секој граѓанин треба да биде сигурен дека плаќа за реално потрошена енергија. Резултатите од последната надзорна оценка потврдуваат дека Телото за инспекција на броила на Електродистрибуција е пример за професионализам и транспарентност.

Ваквите лаборатории мора да бидат модерни, сертифицирани и кредибилни, за граѓаните да знаат дека постои место каде можат да ја проверат исправноста и точноста на своето броило. Тоа е прашање на фер однос, доверба и јавен интерес.“ порача Божиновска.

Менаџерскиот тим на Електродистрибуција, нагласи дека компанијата ќе продолжи да вложува во развој на технологијата и обуката на стручниот тим со цел да ја задржи високата прецизност и објективност во процесот на испитување на броилата со највиски стандарди наквалитет.

Од 2012 година кога Телото за инспекција на броила првпат било акредитирано, компанијата успешно ја обновува акредитацијата пред највисоките државни тела, секогаш со позитивна оценка.

Во Електродистрибуција вложуваме во знаење, технологија и системи кои обезбедуваат точност и објективност во процесот на испитување на броила. Во овој процес секој детал е важен, од најсовремената опрема до стручноста на тимот кој стои зад секоја проверка.“истакна менаџерскиот тим на Електродистрибуција.

Тимот на Електродистрибуција пред присутните детално ја презентираа технологијата, процесите и постапките кои се практикуваат во насока на спроведување на активностите поврзани со проверка и метролошко тестирање на броилата.

Најнови вести од: Македонија

Со 22 милиони евра се запечатува енергетската стабилност на Скопје за следните 20 години

Силна порака по повод пуштањето во употреба на новиот енергетски проект во главниот град. Оваа инвестиција од околу 22 милиони евра не е само бројка, туку стратешки чекор кој ќе овозможи Скопје непречено да се развива во наредните две децении. Со подобрувањето на напонското ниво од 110 киловолти, драстично се зголемува надежноста на мрежата.

Ѓорѓиевски: Нова зона и нови дигитални услуги за корисниците на „Градски паркинг“ – чекор напред кон поуредено и пофункционално секојдневие во Скопје!

Денес заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и директорот на ЈП „Градски паркинг“ Владимир Кроневски го означивме почетокот на нов, современ начин на користење на услугите, како и стартот на новата зона Д 12 во Реонскиот центар во Општина Аеродром. Станува збор за простор кој се уредуваше во повеќе фази, поради неговата големина и значење. – објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на свјот официјален фејсбук-профил.

Мицкоски: Како ниедна држава во Европа го намаливме ДДВ на нафтата, следи намалување и на акцизите и маржата!

Владата ја следи состојбата со цените на нафтата и доколку продолжи растот на берзите по истекот на двонеделната мерка за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 отсто, доколку продолжи растот, следна мерка ќе биде намалување на акцизите и маржата, односно цената на складирање и транспортните трошоци – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Кривично ќе одговараат една фирма и три лица: осомничени дека со малверзации со огревни дрва го оштетиле буџетот на „Национални шуми“ за околу 101 илјада евра!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против правно лице од село во општина Македонски Брод и Б.Б.(21) од Кичево, управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“, против Б.Б.(45) од село Пласница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ и „употреба на исправа со невистините содржини“, како и против Г.П.(50) од Кичево, вработен во ЈП „Национални шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Алиу: Доктор во јавно здравство заработил 11 илјади и 400 евра за еден месец! Можна е кривична одговорност за ваквата пракса!

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција откри дека доктор вработен во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец, но притоа не сподели детали за кого станува збор и за која здравствена институција. Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски вчера од собраниската говорница зборуваше за доктори, кои со книжење дежурства и други додатоци стигнувале до баснословни 10 илјади евра месечно во јавните здравствени установи! Најновиот случај е само потврда повеќе на оваа информација од македонскииот премиер.

Скопјанецот Б.Л. (46) фатен зад волан со рекордни 4,01 промили алкохол! Удрил во две паркирани возила, а неговото му е одземено!

Ако не за светски „Гинис“, тогаш сигурно е за балкански и европски „Гинис“: МВР соопшти за скопјанецот, уапсен, оти возел со рекордни 4.01 промили алкохол во крвта! Притоа, удрил во две паркирани возила.

Најнови вести

To top