Македонија

Министерството за образование со став за недостигот на учебници за малобројните етнички заедници

Наставници и автори што пишуваат учебници на некој од овие јазици завчера на средба во Министерството за односи меѓу заедниците се пожалија дека со измените на Законот за учебниците минатата година конкурсите за учебници, наместо МОН, ги објавуваат издавачките куќи и оти тие поради економска неисплатливост, одбиваат да ги печатат поради малиот тираж, со оглед на тоа што настава на секој од петте јазици следат по стотина ученици.

Проблемот со недостиг на учебници на јазиците на припадниците од малобројните етнички заедници не е поради малиот тираж, туку затоа што треба да бидат исполнети предвидените критериуми, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Наставници и автори што пишуваат учебници на некој од овие јазици завчера на средба во Министерството за односи меѓу заедниците се пожалија дека со измените на Законот за учебниците минатата година конкурсите за учебници, наместо МОН, ги објавуваат издавачките куќи и оти тие поради економска неисплатливост, одбиваат да ги печатат поради малиот тираж, со оглед на тоа што настава на секој од петте јазици следат по стотина ученици.

  • Да, има проблем, не поради нискиот тираж, ние ја поправивме формулата и ги вклучивме и нив и цената на тие учебници е идентична како и сите други, по формула, без оглед што е тиражот понизок. Имаме поставено критериуми за луѓето што треба да пишуваат учебници. Затоа што навистина имавме лоши учебници, кои беа оспорувани од многу страни, кои имаа многу грешки, и во новиот закон (за учебници), поставивме критериуми што треба да ги исполни авторот на учебникот. Кога МОН, односно Педагошката служба, бара, за жал, се случува во одредени заедници издавачките куќи да не може да најдат луѓе што ќе ги исполнат тие критериуми. Мене ми е многу жал што мора тоа да го соопштам, но рековме дека проблемите јавно ќе ги објавиме и нема да ги ставаме под тепих – рече денеска министерката Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. 

Посочи дека МОН постапува законски и дека сите одобрени учебници се преведени на сите пет јазици.

  • Ние сме единствената држава во светот што печати учебници на пет јазици, но тоа ќе го почитуваме до крај. Доколку постојат луѓе што ги исполнуваат критериумите, заедниците нека се заангажираат, Министерството не се меша во таа работа. Кој ќе подаде учебник и кој Бирото ќе го одобри, камо среќа да имаме по два, по три, националната комисија веројатно ќе го избере откога ќе помине рецензија. Законот предвидува, ако е понуден само еден учебник, само во тој случај Бирото да може да побара од авторите да го поправат во согласност со програмата. Ако се повеќе – не, но ако е даден само еден учебник, тогаш ќе може Бирото да им дозволи да го поправат. Треба да се двајца професори, еден наставник, за жал, се случува да немаме такви, но мора да се државјани на Република Македонија – рече Јаневска додавајќи дека ако не се пријават автори за учебници за заедниците, повторно ќе бидат објавени конкурси.

Најнови вести од: Македонија

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

     Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO 2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата […]

Законот за високо образование отворен за аргументирани забелешки, но не и за дискусии под академско ниво

Годинава во образованието се вложени околу 114 милиони евра, а во науката 12,5 милиони евра. Дека предложениот закон е прогресивен и има за цел значително унапредување на квалитетот на високото образование во државата, смета и академската фела. Според дел од професорите, со овој закон ќе се доближиме до другите развиени земји. Законот ќе биде поставен на ЕНЕР до последниот, 30-ти ден, по што ќе се разгледаат забелешките, за кои работната група смета дека се прифатливи, а потоа оди во владина процедура.

(Фото): Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските на регионалниот развој и ЕУ политиките, рече Перински

Во фокусот на разговорите беше размената на искуства за поефикасно и целосно искористување на програмите на Европската Унија, како и поддршка на вклучувањето на Македонија во нови европски програми. За Министерството за локална самоуправа, оваа соработка има особено значење во насока на унапредување на регионалниот развој, пренесување на знаење со цел зајакнување на институционалните капацитети и пристапот до европски фондови.

(Видео): Пак ќе треба да се извинуваат, премиерот лут на СДСМ оти го мешале неговото семејство

Некаде треба да стигнете побргу и да се вратите побргу бидејќи имате обврски, а од друга страна имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште. Повторно ни криви ни должни го мешаат моето семејство. Моето семејство беше таму, им се придружив, наместо три останав четири дена и пред нив се вратив со шефот на моето обезбедување, рече Мицкоски во однос на патувањето со владиниот авион во Сплип.

To top