„Ја анализираме состојбата и денеска во текот на денот ќе имам состанок на оваа тема. Ќе ги видиме влезните трошоци, да видиме дали врз таа основа, која што ја прикажуваат навистина има потреба од такво зголемување. Доколку има потреба, тогаш ќе кажеме да има потреба и ќе преземеме мерки, а доколку нема потреба, тогаш тие коишто девијантно и непазарно се однесуваат ќе бидат изречени глоби“, нагласи Мицкоски.
Во однос на предлозите за намалување на данокот на додадена вредност за храна, премиерот оцени дека станува збор за мерки што Владата ќе ги разгледува согласно состојбите, а не за иницијативи на опозицијата. „Не се тоа опозициски предлози. Тоа се мерки коишто во зависност од состојбата ние ќе ги влечеме. И апсолутно некредибилна опозиција којашто кога беше влада седум години имаше можност да покаже што знае и што умее, а таа покажа само криминал, понижување и национален срам и предавства. Нема кредибилитет во моментот да зборува“, изјави Мицкоски.