Македонија

Мицкоски: Ние сме Влада, избрана од народот, и се однесуваме во корист на граѓаните – нафтените деривати поефтинуваат денес за околу 2,5 денари!

За околу 2,5 денари по литар се очекува да бидат намалени цените на нафтените деривати во земјата, откако Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини договорија попуст со најголемиот снабдувач, компанијата ОКТА, информира денеска претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Кочани, тој истакна дека разговарал и со голем дел од сопствениците на бензински пумпи кои кажале оти попустот од добавувачот ќе го пренесат на крајните корисници. – Добра вест за македонските граѓани е што ОКТА на компаниите коишто соработуваат со нив од денеска ќе им даде попуст од отприлика 45 до 50 долари по тон. Тоа би значило намалување некаде околу 2,5 денари по литар. Бидејќи регулаторна ја одредува највисоката цена, очекувам откако ова ќе биде објавено, во текот на денот за отприлика 2,5 денари по литар да бидат намалени нафтата и нафтените деривати, изјави Мицкоски.

Според него, тоа би значело дека литар дизел кај нас ќе биде 1 евро и 35 евроценти и оти и понатаму македонските граѓани ќе користат најевтини нафта и нафтени деривати. – Во соседство, во Србија е над евро и осумдесет евроценти, во Албанија евро и осумдесет евроценти, во Косово е над евро и педесет, евро и шеесет евроценти. Во Европа е некаде и над две евра некаде во земјите од Европска унија е 2,2 евра дизелот. Така што тоа што го кажавме тоа и го правиме, дека македонските граѓани ќе користат најевтини нафта и нафтени деривати. И покрај тоа што сме на неколку стотици километри од жестоки воени дејства, но со добра организација, со еден конструктивен дијалог успеваме би рекол тие предизвици да ги надминуваме, нагласи Мицкоски.

Доколку продолжи растот на цената на нафтата на светските берзи, Владата ќе преземе мерки со намалување на данокот на додадени вредности, најпрво од 18 на 10 отсто, па од од 10 на 5 проценти, во зависност од движењето на цената, појаснувајќи дека за намалување на акцизите има закон. – Ние сме Влада избрана од народот и мора да се однесуваме во полза на интересите на граѓаните. Тоа значи дека ќе тргнеме со намалувањето на зафаќањето кое што и така е најмало, споредено не само со државите во регионот, туку и во Европа. Не акцизите. За акцизите има закон, кој вели дека цената на нафтата на светските безри треба да биде над 800 долари по тон, значи меѓу 800 и 1.000 долари по тон, за 1 денар акциза, 1.000 до 1.200 два денара, па 4 денари итн. Сега не е на тоа ниво, сега е некаде околу 600, 650, истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека има притисок од соседните држави, во пограничните места, каде доаѓаат да полнат поефтино гориво. Според неговите информации, во понеделникот е забележан историски највисок пик на дотур на нафта и нафтени деривати на корисници, кога биле наточени околу 2 милиони литри во еден ден. – Продолжуваме и понатаму да бидеме фактор на стабилност во регионот и како Влада и како политичари. Она што претставува наша цел е тоа полека, но сигурно граѓаните да ја вратат довербата кон државата и кон институциите кои за жал изминатите 10 години поради корумпирани политички елити изгуби, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top