Македонија

Мицкоски од Брвеница: Да не дозволиме повторно да ни се случи СДС

Да им докажеме дека помниме, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите за градоначалник на општината в недела

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од завршниот митинг во Брвеница повика на вонредните локални избори в недела за нов градоначалник да се гласа за Стојанчо Радичевски, „за да не ни се случи повторно СДС“.

„Изборот на овие избори за Брвеница е помеѓу сигурна иднина за сите граѓани, и избор со кој Брвеница ќе се подели. Вчера тука беше Венко Филипче. Немаа програма, немаа дела кои ги понудија, но имаа навреди, омаловажувања, арогантен однос. Кажаа некаков проект освен тоа што видовме неартикулирано викање, беседење и исплашени луѓе на бина. Тоа се луѓе за кои е докажано дека се печалбари во политиката. Луѓе кои живеат од народот, а не за народот.

Сакам да ви кажам дека изборите во Брвеница се и порака за тоа во каква држава сакате да живееме. Онаа полна со навреди, криминал, подметнувања и свиткана кичма каква ја сакаат нашите противници. Или Македонија во која ќе се бориме за секој човек, исправени и горди“, порача Мицкоски пред насобраните граѓани.
„Излезете масовно на избори. Разликата е видлива и голема. Излезете затоа што Брвеница е и ќе остане нашиот заеднички дом. Брвеница е една, а силата да оди напред ја има во сите вас, во луѓето што живеат овде! Да ја сочуваме силата на единството, да ја градиме иднината со достоинство!

Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС, масовно да го заокружиме бројот 1 и да им докажеме дека помниме и дека никогаш нема да дозволиме повторно тие да ни се случат!“, рече претседателот на Владата и на владејачката партија.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Македонија меѓу земјите со најниска цена на струјата во Европа

Македонија со цена на електричната енергија од 11,6 евроценти е во земјите со најниска цена во Европа во првата половина на годинава. Ирска во првата половина на годинава имала највисоки цени на електричната енергија, од 0,39 евра за kWh. Ова го покажуваат податоците на Евростат објавени во серијалот „Statistics Explained“ (Објаснети статистики) посветен на цените […]

Постигнати очигледни конкретни резултати – Сиљановска-Давкова го прими извештајот на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2026 година

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како незгаслив светилник на маакедонската вистина ширум Балканот и Европа. Како еден од најголемите македонски експерти за античка историја со меѓународен углед, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ изнесува сериозна, научно втемелена и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. Денес, на 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт. Ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“. Проева остави траен и нескршлив научен аргумент во рацете на идните поколенија за одбрана на правото на македонскиот народ да биде она што е – македонски, свој на своето, на македонското.

Извозот зголемен за 10,8% – најмногу се тргува во земјите на ЕУ, но кои земји се во фокус?!

Во периодот јануари – септември 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија. Овие пет земји учествуваат со 49,7 проценти во вкупната размена.

To top