Македонија

Мицкоски: Опозицијата шири хистерија, Владата остварува резултати – во рекорден рок решен проблемот во Гостивар

Политиката на опозицијата е да конструира лаги и да шират хистерија, а политика на Владата е да остварува резултати. Ние така и ќе продолжиме, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

-Целосна одговорност и целосна надлежност за тоа што се случи во Гостивар е утврдена сега за сега од страна на обвинителството. Ако е потребно тие ќе утврдат и нова одговорност. Од страна на државата иако тоа не се наши надлежности, ние обезбедивме веднаш вода за пиење. Благодарност до сите кои се приклучија на таа активност со своите донации. Екипи од Скопје, од Водовод, се во Гостивар, работат. Очекувам денеска-утре иако резултатите се веќе добри, да се објави соопштение дека водата е технички исправна за користење. Во рекорден рок од една недела тоа се реши. Тоа што ние како Влада можеме да го направиме, го правиме. Ме чуди тоа и тоа што опозицијата уште не се огласи со критика кон општината и раководството кое го поддржуваше за време на локалните избори. Можеби ја пропуштија таа шанса, но на нашата политичка сцена има многу мршојатци, кои се обидуваат да добијат некој политички поен. Не сфаќаат дека им се враќа како бумеранг назад, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top