Македонија

Мицкоски: Пораката на Велигден нè повикува да се издигнеме духовно и да ги надминеме сите поделби

Во овие времиња на предизвици, како што вели премиерот „сите ние сме повикани да си подадеме рака, да застанеме рамо до рамо и заеднички да го градиме нашиот единствен дом – Македонија“.

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до сите христијани кои го прославуваат католичкиот Велигден според грегоријанскиот календар во негово лично име и во име на Владата, посочувајќи дека овој празник е најголемиот и најрадосниот во христијанската вера.

  • Велигден е празникот на надежта и победата на животот над смртта. Нека веста за Воскресението на нашиот Господ Исус Христос ги исполни вашите срца со вера, мир, љубов и нова сила. Нека овој светол ден ви донесе здравје, благослов и радост во секој ваш дом и семејство. Пораката на Велигден нè повикува да се издигнеме духовно и да ги надминеме сите поделби, истакнува Мицкоски.

Во овие времиња на предизвици, како што вели премиерот „сите ние сме повикани да си подадеме рака, да застанеме рамо до рамо и заеднички да го градиме нашиот единствен дом – Македонија“.

  • Само преку толеранција, заедништво, сплотеност, хуманост и взаемна почит можеме максимално да придонесеме за подобра и поправедна држава и за просперитетна татковина во која секој граѓанин ќе има можност за достоинствен живот, сигурна иднина и економски напредок. Нека духот на овој празник нè инспирира да градиме мостови на разбирање, да ја зајакнуваме меѓусебната доверба и да работиме заедно за да ја направиме нашата земја уште поубава, поуспешна и пред се посреќна, како за сите нас, така и за идните генерации, нагласува премиерот Мицкоски во честитката што ја објави на Фејсбук. 

Најнови вести од: Македонија

Македонија фактор на енергетската стабилност: Намалени акцизи, намален данок, најевтини горива во регионот

Цената на горивата нема да отиде над 100 денари, дизелот останува ист, бензинот поевтин за два денари по литар. И покрај нагорните трендови на светските берзи, македонските граѓани ќе продолжат да плаќа најевтини горива во регионот. Владата и официјално ги намали акцизите, 4 денари за нафтата и 2 денари за бензините. На сила уште најмалку […]

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Околу 65 килограми марихуана запленети кај Градско, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик

Oд 1 септември ќе биде пуштена во сообраќај првата линија на „Градски воз“

Проектот Градски воз напредува одлично, до јуни ќе биде завршена линијата од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода до Нова железничка станица, а од 1 септември пуштена за сообраќај, информираше министерот за транспорт Александар Николоски.

To top