Македонија

Мицкоски: Потврда за заложбите на Владата во туризмот се 1 милион туристи и три милиона преноќувања заклучно со август

Заклучно со август постигнат е приоритетот на Владата во делот на туризмот за 2026 година да имаме еден милион туристи и близу три милиона ноќевања. Што значи дека предвреме ќе ја постигнеме целта којашто сами си ја зададовме на почетокот на годината, истакна премиерот, коментирајќи ги податоците на ДЗС за растот на туризмот.

Заклучно со август постигнат е приоритетот на Владата во делот на туризмот за 2026 година да имаме еден милион туристи и близу три милиона ноќевања. Што значи дека предвреме ќе ја постигнеме целта којашто сами си ја зададовме на почетокот на годината, истакна премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го последнте податоци на Државниот завод за статистика за растот на туризмот. Премиерот Мицкоски во однос на објавените податоци за раст на туризмот од Државниот завод за статистика, изјави:

  • „Да, Државниот завод за статистика објави податоци за август и за првите осум месеци. Она коешто претставуваше наш приоритет за оваа 2026 година во делот на туризмот, ние речиси го постигнавме заклучно со месец август, односно да имаме 1 милион туристи и да имаме близу 3 милиона преноќувања.

Заклучно со месец август, ние имаме блиску до 1 милион туристи, негде околу деветстотини осумдесет и нешто илјади и некаде отприлика 2 милиона и седумстотини и два-триесет илјади преноќувања. Што значи дека пред време ќе ја постигнеме целта што ни беше зададена на почеток од годината, којашто самите си ја зададовме. Но она што повеќе ме радува е навистина големиот бум којшто се случи во летните месеци јули-август и коешто траеше и месеците потоа. Да речеме во август бројот на туристи од странство, споредено со истиот месец минатата година е поголем за 11,1%, а бројот на преноќувања е за повеќе од 20% поголем, што претставува навистина нешто коешто сите нас пријатно нѐ изненади. Но и потврда на заложбите на Владата да ги промовира туристичките потенцијали на земјата и на тој начин да привлекуваме туристи. Тука е и договорот кој го потпишуваме со туристички агенции коишто носат туристи и тука не треба да се заборави фактот дека дојдовните и патниците коишто патуваат надвор од земјата на нашите аеродроми, за 30% е зголемен, споредено со истиот период минатата година.“

  • Но она што повеќе ме радува е навистина големиот бум кој што се случи во летните месеци јули и август и кој што траеше и месеците потоа. Во август бројот на туристи од странство, споредено со истиот месец минатата година, е поголем за 11,1%, а бројот на преноќувања е за повеќе од 20% поголем. Што претставува навистина нешто кое што сите нас пријатно нѐ изненади, но и потврда на заложбите на Владата да ги промовира туристичките потенцијали на земјата и на тој начин да привлекуваме туристи – рече Мицкоски.

Според него, тука е и договорот потпишани со туристички агенции кои што носат туристи и оти не треба да се заборави фактот дека дојдовните и патниците кои што патуваат надвор од земјата на нашите аеродроми е зголемен за 30% е споредено со истиот период од минатата година, пренесува МИА.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

На припадниците на Армијата им оддаде признание за нивната професионалност, посветеност и подготвеност за исполнување на задачите, изразувајќи очекување дека и натаму ќе ги надградуваат своите способности и ќе ја оправдуваат довербата на граѓаните.

Емисиите од работата на „Титан Усје“ се под граничните вредности – Ако филтрите не работат производството запира

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Денес предадено во употреба новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопско Ченто со 30 училници – вложени околу 2,8 милиони евра

Новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба денеска свечено беше пуштен во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование Весна Јаневска, градоначалникот Бобан Стефковски, како и наставници, ученици, родители и граѓани.

Охридското езеро денеска порибено со 100 илјади единки охридска пастрмка – во 2027 со уште 1 милион и 550 илјади

Охридското Езеро денеска ќе биде порибено со сто илјади млади единки охридска пастрмка со просечна тежина од 4,2 грама, со што ќе биде заокружено порибувањето за оваа година – соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски при посетата на Хидробиолошкиот институт во Охрид. Тој оцени дека досегашните резултати во обновувањето на охридската пастрмка се повеќе од задоволителни. Во август и септември, како што посочи, сите риболовни зони на езерото биле порибени со вкупно 6,5 тони одгледан подмладок, што е за 1,6 тони повеќе од првично планираните 4,9 тони.

ВМРО ДПМНЕ за случајот „Михаилова“: Како може невролог да дава мислење за хирургиски зафат во Бугарија?!

ВМРО-ДПМНЕ упати обвинувања до докторот Барбов, Венко Филипче и Зоран Заев во врска со случајот со Ива Михаилова, барајќи одговори за медицинските постапки и одлуката за нејзино лекување во Бугарија.

Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектора, со тоа ќе се зголеми драматично геостратегиското значење на Македонија!

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, којa ќе биде користа за граѓаните и кога може да се очекува да заврши.

Најнови вести

To top