Македонија

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата донесува нова енергија и уште поголема одговорност, зашто најважниот дел од работата допрва започнува!

„Како нови министри предлагам луѓе, кои доаѓаат со различни професионални искуства, но со иста обврска – да работат чесно, одговорно и со чувство дека секој ден што ќе го поминат на функцијата им е даден oд народот и му припаѓа на народот.“ – порача премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска во Собранието на Република Македонија, образложувајќи го пред пратениците предлогот за именување нови министри во рамки на реконструкцијата на Владата на Република Македонија.

– Во изминатите две години државата повторно почна да се движи. Повторно почна да инвестира. Повторно почна да гради. Повторно почна да создава доверба. Повторно почна да отвора можности. Но, јас денес не стојам овде за да кажам дека сме ја завршиле работата. Напротив. Денес стојам пред вас за да кажам дека најважниот дел од работата допрва започнува. Затоа што државите не се градат за две години. Тие се градат со генерации. И секоја генерација има обврска да остави држава подобра отколку што ја затекнала. Тоа е нашата обврска. Тоа е обврската на оваа Влада. И токму затоа денес пред вас не стои само предлог за избор на нови министри. Пред вас стои предлог за нова енергија. За ново темпо. За нова фаза во развојот на државата. За Влада која нема да биде задоволна со постигнатото, туку ќе биде гладна за нови резултати. Не затоа што се откажуваме од досегашниот курс. Туку затоа што сакаме тој курс да биде уште побрз, уште поефикасен и уште поодлучен – рече Мицкоски.

Тој укажа дека во годините што следат Македонија ќе биде исправена пред големи можности и оти нема да дозволи државата да ги следи процесите, туку дека ќе биде предводник на промените во регионот. – Политиката е минлива, функциите се минливи, мандатите се минливи, но државата останува. И затоа секоја наша одлука мора да биде донесена со свест дека не ја носиме само за денес, туку и за годините што доаѓаат – рече Мицкоски.

Тој посочи дека ќе има, како што рече, предизвици, отпори, обиди, секој успех да биде минимизиран, а секој проблем да биде претставен како пораз, но, нагласи, природата на државничкото лидерство е поинаква. – Државничкото лидерство не се плаши од критика. Не бара лесни патишта, не носи одлуки според тоа дали ќе бидат популарни утре, туку според тоа дали ќе бидат исправни за 10 години. Јас длабоко верувам дека имаме сила да бидеме успешна европска приказна. Не затоа што некој ќе ни ја подари таа иднина, туку затоа што ја заслужуваме. Со работа, знаење, дисциплина, со чесни институции, силна економија, со самодоверба. И најважно од се, со верба во сопствените можности – рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека не бара доверба за поединци и за една политичка партија, туку за продолжување на процес во кој, како што рече, државата повторно ќе се исправи на нозе, во кој ќе ги обновиме темелите, во кој покажавме дека повторно можеме да градиме, да создаваме и да победуваме. – Уверен сум дека најдобрите години не се зад нас, туку се пред нас – рече Мицкоски.

Тој истакна дека очекува идниот министер за правда, за која функција е предложен Јетон Шасивари, универзитетски професор и правен експерт, своето знаење, професионален интегритет и академско искуство да ги стави во служба на создавање правосуден систем во кој правдата нема да биде привилегија, туку правило, а довербата на граѓаните постепено да се враќа таму каде што е потребно. Агон Ферати, кој е предложен за министер за односи меѓу заедниците, како што рече, своето професионално искуство го изградил преку европски проекти, локален развој и јавни политики.

– Нашата држава отсекогаш била најсилна кога знаела да ги претвори различностите во своја предност. Затоа очекувам неговата работа да биде насочена кон уште посилна кохезија, доверба и партнерство меѓу сите граѓани. Затоа што стабилноста и единството се предуслов за секој економски и општествен напредок – рече Мицкоски.

Според него, Борче Серафимовски, кој е предложен за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, добро го познава функционирањето на ресорот. Пред него, посочи, стои обврската да ја продолжи политиката на силна поддршка на земјоделците, но и да отвори нов развоен циклус во кој македонското земјоделство ќе стане поконкурентно, поиновативно и поотпорно на современите предизвици. – За министер за здравство го предлагам Сашо Клековски. Здравството не е само систем на установи и процедури. Здравството е доверба, здравството е чувство на сигурност дека кога на човекот ќе му биде најтешко државата ќе биде покрај него. Затоа очекувам со нова енергија да продолжат реформите што ќе обезбедат квалитетни услуги, подобри услови за здравствените работници и достоинствен третман на секој пациент – подвлече претседателот на Владата.

Појаснувајќи го предлогот Ѓоко Велковски да биде министер за социјална политика, демографија и млади нагласи дека демографијата станува едно од најважните државни прашања, додека во Локална самоуправа, каде нов министер ќе биде Иван Стоилковиќ, укажа дека е започнат најголемиот инвестициски циклус за општините. За министер за култура и туризам го предлага Седат Сулејмани и очекува овој ресор да биде еден од двигателите на новиот развоен циклус, затоа што, посочи, државите што знаат да ја раскажат својата приказна, знаат и како да создадат нова вредност. Ерџан Демир е предлог за министер без ресор, а како што рече премиерот, во современото управување координацијата е исто толку важна колку и носењето одлуки. На државата и се потребни институции што ќе работат како еден систем, а не, рече, како одвоени острови.

Мицкоси посочи дека Македонија отсекогаш била најсилна тогаш кога знаела да се обедини околу големите цели. – Затоа денес ве повикувам да ја продолжиме оваа мисија со повеќе мудрост отколку суета, со повеќе единство отколку поделби и со цврста увереност дека нашата најголема обврска не е кон оваа генерација политичари, туку кон идните генерации македонски граѓани. Нека тие еден ден кажат дека ова беше времето кога Македонија поверува во себе. Времето кога престана да се задоволува со малку и почна да се стреми кон големи цели. Времето кога државата не беше само место во кое се живее, туку идеја во која повторно се веруваше. Тоа е визијата што ја нудиме, тоа е обврската што ја преземаме и тоа е иднината за која вреди да работиме заедно – порача премиерот Мицкоски, по чие излагање почна расправата по предлогот за именување нови министри.

Претходно, Собранието на предлог на премиерот во рамките на реконструкцијата на Владата ги разреши министрите: за правда – Игор Филков, за земјоделство, шумарство и водостопанство – Цветан Трипуновски, за односи меѓу заедниците – Игор Стоиљковиќ, за здравство – Азир Алиу, за туризам и култура – Зоран Љутков, за социјална политика, демографија и млади – Фатмир Лимани, за локална самоуправа – Златко Перински, како и Шабан Салиу од функцијата министер без ресор. Разрешени се и заменик-министрите за социјална политика, демографија и млади и за култура и туризам, Ѓоко Велковски и Седат Сулејмани.

Најнови вести од: Македонија

Митрополит Григориј: ЕУ ѝ дозволува да Бугарија злосторнички да се меша во уставот, за да ги бугаризира Македонците и да се прекројат границите на Македонија!

„Божествен пророче и небесен човеку Илија, дај му победа на македонскиот народ над непријателите и милост голема на душите наши! ЕУ ја штити Бугарија. ЕУ ѝ допушти на Бугарија на македонскиот народ да му испрати бранови на смрт, наместо бранови на живот. На Бугарија ѝ се дозволува да изврши етноцид – геноцид врз македонскиот народ.“ – нагласува, покрај другото Григориј, митрополитот Кумановско-осоговски на Макеодонската православна црква – Охридска архиепископија, во своето слово по повод државниот празник Илинден и црковно-народниот празник Свети Илија.

„Македонска нација“: Сократ Маркилов, симболот на неуништливоста на македонската свест наспроти сите обиди на Бугарија да ја уништи!

… живеев, страдав. Окови носев. Зад железни решетки заклучен бев во ќелија темна, таму тиранинот ме мачеше, поради тоа што се борев за ослободувањето на мојата поробена татковина Македонија. Македонци, мои мили браќа, не жалете ме! Главите горе, запејте ја ‘Бисер Балкански’ и продолжете ја борбата за остварување на вековните стремежи и идеали на нашиот измачен македонски народ. Мојата смрт нека биде вечно проклетство на македонските непријатели, поробувачи алчни, без ронка чест, без ронка срам.“ – ова е претсмртната порака до сиот македонски народ, која му ја оставил Сократ Данаилов Маркилов, еден од најистакнатите припадници на македонското национално движење и страдалник за македонската национална кауза во Бугарија. Оваа порака на Маркилов е објавена како дел од некрологот за 40-дневниот помен од неговата смрт во 1993 година, кој му го одржал тогаш ОМО „Илинден“ – Пирин, политичката организација на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, денес во Бугарија. Тој е починат на денешен ден, на 4 август во 1993 година. Триесет и третата година од неговата смрт е соодветен повод за должно сеќавање и чествување на животот и дејноста на овој истакнат деец за Македонија и македонскиот народ, кој одлежа 17 години во бугарските затвори, поради својата македонска определба и дејност.

Димитриевски: Не доликува претседателот на Собранието да не биде присутен на „Илинден“

Се знае редот, за 2 Август секогаш претседателот на државата оди на едно од трите значајни места за Илинден, премиерот оди на второто, а претседателот на Собранието на третото

ТАВ АЕРОДРОМИ: Охридскиот аеродром постави нов рекорд – раст на патничкиот сообраќај од 41% во јули; македонските аеродроми со раст од 28% се меѓу најбрзорастечките во Европа, според ACI Europe

Додека аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, ACI Europe повторно ги рангира македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките во Европа.

„СВЕТОТ ЦРТА – ВЕЛЕС ИЗЛОЖУВА“: РЕКОРДЕН БРОЈ НА ДЕЛА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТРИП КОНКУРС

Централниот настан и свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон, придружено со прогласувањето на најдобрите трудови, ќе се одржи на 19 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во просториите на Европската куќа (Europe House) во Велес.

Најнови вести

To top