Македонија

Мицкоски за блокадата од Бугарија и претходната власт: Кратковидо потпишаа бел лист хартија и направија голема штета и проблеми, кои ќе мора сега Владата да ги решава!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати остра порака во врска со застојот околу акцискиот план за малцинствата и блокадите од Бугарија. Одговарајќи на новинарско прашање каде е застојот и зошто Бугарија го блокира процесот, Мицкоски порача дека тоа прашање треба да им се постави на бугарските власти. „Таа политика е веќе со децении, не почнала денес.“ – рече премиерот.

Мицкоски притоа упати директна критика кон, како што рече, некои политички елити во Македонија, кои не успеале навреме да ја препознаат суштината на проблемот. „Некои политички елити кај нас не успеаја да го препознаат тоа. Беа кратковиди и лекомислени, или се водеа од лични интереси. Мислеа дека ќе бидат решени сите проблеми, ако потпишат бел лист хартија,. Тоа не оди така во реалната политика.“ – нагласи Мицкоски.

Премиерот нагласи дека поради таквиот пристап е направена сериозна штета и оти се создадени се големи проблеми, кои сегашната Влада ќе мора да ги решава. „Направија многу штета и големи проблеми, кои ќе треба да ги решиме. Но, ќе се бориме, тоа е нашата задача.“ – додаде Мицкоски.

Тој порача оти решенијата нема да дојдат ниту брзо, ниту лесно, но дека Владата е подготвена да се соочи со наследените предизвици.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top