Македонија

Младите најчесто експериментираат со марихуана и синтетичка дрога

Значителен дел од малолетниците во Општина Гевгелија експериментираат со наркотични средства, особено со марихуана и синтетичка дрога, кои ги користат при групни собири, викенд забави и слично. Ова е дел од информацијата за состојбата со употреба на наркотици и психотропни супстанции кај младите од Гевгелија, која на денешната седница беше презентирана пред општинските советници

Значителен дел од малолетниците во Општина Гевгелија експериментираат со наркотични средства, особено со марихуана и синтетичка дрога, кои ги користат при групни собири, викенд забави и слично. Ова е дел од информацијата за состојбата со употреба на наркотици и психотропни супстанции кај младите од Гевгелија, која на денешната седница беше презентирана пред општинските советници.

Од Центарот за социјална работа во Гевгелија велат дека немаат формална статистика колку од младите користеле или користат наркотични средства, бидејќи како институција ги евидентираат лицата кои веќе имаат развиено зависност.

– Услугата за третман и рехабилитација ја спроведува терапевтската организација “Покров” од Струмица и од 2020 година имаме сместено 12 лица од кои 10 корисници зависници од дрога, а две од алкохол. Но нашите сознанија кои се добиени од директна работа со децата и нивните родители се дека значителен дел од малолетните лица во општина Гевгелија експериментираат со психотропни супстанци, особено со марихуана и синтетичка дрога. Најчесто употребувана супстанца кај младите е марихуаната, која е лесно достапна и често присутна на забави, и воопшто овие супстанци се лесно достапни, прилично ефтини и се користат во контекст на групни собири, викенд забави итн. Исто така и употребата на алкохол е на доста високо ниво и е доста честа особено за време на викенд забавите, соопшти на седницата претставник од Центарот за социјална работа.

Од оваа институција информираа дека најчесто работат со зависниците кога има пријави за семејно насилство, при што мерките се извршуваат преку судот и од таму предложуваат нивно лекување во соодветна установа.

Според специјалистот психијатар Сашко Цветковиќ од Општата болница со проширена дејност во Гевгелија, причина за употребата на дрога кај младите е љубопитноста и припаѓањето на одредено друштво што се карактеристики за младите во периодот на тинејџерството и возраста од 12 до 16 години. Тој вели дека во болничките установи овие лица доаѓаат кога се на возраст над 18 години, а првите контакти со дрогата секогаш на почетокот им биле со марихуаната.

Од Психијатриската болница во Негорци, која освен Гевгелија покрива уште неколку градови, на седницата на Советот соопштија дека кај нив не се лекуваат лица под 18 години, додека во изминатата година болнички лекувале 22 наркозависници, од кои половината се на возраст од 20 до 34 години, а останатите се над 35 годишна возраст.

– Од овие пациенти не се сите со живеалиште во Гевгелија, а од новорегистрираните 11 пацинети во 2025 година, четворица се од нашата општина. Сепак, реалната бројка е далеку поголема од онаа која што е прикажана кај нас, односно сите не се јавуваат на лекување во нашата установа, туку одат и во дневните центри за наркозависници. Но бројката на овие лица од година во година се зголемува, информира директорот на болницата, Сашко Стојиловски, кој посочува дека за младите под 18 години често семејствата прибегнуваат кон вонинституционално лекување, поради малиот одзив кај домашните институции и тоа што овие случаи се третираат само на Детска психијатрија во Скопје.
МИА

Најнови вести од: Македонија

Во клиниката за инфективни болести во Скопје двајца пациенти со западнонилска треска се во критична состојба

Двајца пациенти на возраст од 76 и 66 години од седумте хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со западнонилска треска, се во критична состојба и се на механичка вентилација на одделот за интензивно лекување, изјави попладнево директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој рече дека дополнително за уште тројца пациенти, кои се примени со дијагноза акутно заболување на мозокот и мозочната обвивка, во текот на денов се чекаат лабораториските резултати од Институтот за јавно здравје.

Митева: На 16 јули во Струмица ќе настапат најголемите уметници во електронската музика Пол ван Дајк и Пол Окенфолд!

Двајца од најголемите и највлијателни уметници во електронската музика Пол ван Дајк и Пол Оукенфолд ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“. Оваа манифестација започнува на 2 август – Илинден во Битола, а завршува на 8 септември во Скопје.

Турската кинематографија во фокусот на Beach Film Festival Ohrid

Учеството на Република Туркије како земја во фокус на деветтото издание на Beach Film Festival Ohrid уште еднаш ја потврди важноста на филмот како мост за културна соработка, меѓународно поврзување и промоција на културното и туристичкото богатство на Туркије.

За завршување и целосно опремување на новата Клиничка болница во Штип – 109 милиони евра

Завршувањето и целосното опремување на новата Клиничка болница во Штип, инвестиција проценета на околу 109 милиони евра, беше тема на денешната средба меѓу министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински, градоначалникот на Штип Иван Јорданов, раководството на Клиничката болница и претставници на Светската банка.

Меморандум за соработка меѓу „Македонски Шуми” и КПУ „Затвор” – Струмица: Осуденици ќе бидат ангажирани во шумарски активности

Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и Казнено-поправната установа „Затвор“ – Струмица потпишаа меморандум за меѓусебна соработка, со кој ќе се зајакне координацијата меѓу двете институции преку ангажман на осудени лица во општокорисна работа. Претходно, од 16 до 22 јули осуденици од КПД „Идризово“, КПД Штип, КПД Прилеп, како и од КПУ Скопје, Куманово, Битола, Гевгелија, Струмица и Струга, учествуваа во седумдневна работна акција за одржување на хигиената на магистралните и регионалните патишта низ Македонија.

To top