Македонија

Младите од Патриотското друштво ја чистеа тврдината „Исар“

Голема еколошка акција денеска се реализираше на тврдината „Исар“ во Штип од страна на младите на Патриотско друштво. Целта на акцијата е тврдината да добие подобар изглед пред празникот Чет’рсе

Голема еколошка акција денеска се реализираше на тврдината „Исар“ во Штип од страна на младите на Патриотско друштво. Целта на акцијата е тврдината да добие подобар изглед пред празникот Чет’рсе. Чет’рсе е празник на кој штипјани ја искачуваат тврдината и кон реката Брегалница фрлаат 39 каменчиња, а 40 то го ставаат под перница. Ваквиот вековен обичај штипјани го практикуваат секоја година на 22 март и на тој начин го одбележуваат почетокот на пролетта.

Штип од утре почнува со настани за Чет’рсе, а во недела е искачувањето на тврдината „Исар“

– Денешната акција е за да имаме чист и убав Исар за да можеме убаво да уживаме во празникот Чет’рсе на 22 март. Јас мислам дека секоја година околу Чет’рсе треба да има токму ваква атмосфера, како што има денес, утре и како што ќе има во недела, ама дека треба почесто да се чисти Исар и некој други одбележја на градот- дефинитивно, рече Симеона Томова.

Младите од Патриотското друштво велат дека денеска се во Штип да им помогнат на штипјани во акцијата за чистење на тврдината „Исар“. Еколошката акција на„ Исар“ покажа дека заедничката грижа на граѓаните може значително да придонесе за чистата и уредена тврдина, со што ќе се  овозможи достоинствено одбележување на празникот.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

To top