Македонија

Младите во Македонија живеат со родителите, во просек, до 32-ра година

Младите луѓе во ЕУ го напуштаат родителскиот дом на просечна возраст од 26,2 години

 

 

Општо земено, младите од земјите на север го напуштаат домот на своите родители порано, во споредба со младите од појужните земји.

Младите во Црна Гора остануваат во домот на своите родители подолго, во просек до 33,3 години, додека младите во Финска го напуштаат порано, во просек, на возраст од 21,4 години.

Младите во Македонија остануваат со своите родители во просек до 32,1 години.

Во 2024 година, младите луѓе на ниво на ЕУ го напуштиле домот на своите родители во просек на возраст од 26,2 години, што е мало намалување во споредба со 26,3 години претходната година, според најновите податоци на Евростат објавени во септември оваа година.

Младите во Хрватска остануваат во домот на своите родители подолго во просек – до 31,1 година, по што следат Словачка (30,9), Грција (30,7), Италија (30,1) и Шпанија (30,0).

Најновите достапни податоци за Македонија се од 2023 година, кога, според анализата на статистичкиот портал „Ланџејст“, врз основа на податоците на Евростат, младите луѓе во Македонија (32,1) и Црна Гора (33,3) се последните во Европа што ги напуштаат домовите на своите родители.

Во време кога трошоците за домување се предмет на постојана јавна дебата, податоците на Евростат покажуваат дека младите се малку повеќе погодени од трошоците за домување.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top