Македонија

Многу Европејци живеат од ден за ден – една четвртина од нив не плаќаат сметки на време

„Гледаме јасна поделба меѓу оние, кои се чувствуваат финансиски сигурни и оние, кои сè уште живеат од месец во месец. Многу потрошувачи остануваат во ‘режим на преживување’, се двоумат дали да инвестираат, дали да трошат повеќе, соочувајќи се потоа со години, исполнети со економска неизвесност.“ – нагласи Агњешка Кункел, извршен директор на „Интрум ТФИ“.

„По неколку години тврдоглава инфлација и зголемување на трошоците за живот, ценовните притисоци се намалуваат низ цела Европа. Сепак, и покрај подобрувањето на економската состојба, еден од четири Европејци сè уште не ги плаќа своите сметки на време, според најновиот извештај на Интрум (Intrum) за европските плаќања на потрошувачите.“ – објави „Еуроњуз“ во својата економска анализа со наслов „Долговите се натрупуваат? Една четвртина од Европејците не ги плаќаат сметките на време“.

Натаму во анализата се наведува: Иако ситуацијата е подобра отколку во 2023 година, кога 37% од граѓаните доцнеа со своите плаќања, фактот дека 24% сè уште не ги плаќаа своите долгови на време открива длабоки разлики меѓу земјите и социјалните групи. 

Стапката на домаќинства кои ги плаќаат сите сметки на време варира од земја до земја. Шпанија и Австрија се најдобри во овој поглед, со 83%, додека Грција е рангирана најниско со 67%.

Трајните ефекти од кризата со трошоците за живот
Цели 43% од потрошувачите во Европа изјавиле дека последните години имале трајно негативно влијание врз нивната финансиска благосостојба, при што помладите генерации честопати се најтешко погодени. Цели 63% од испитаниците од Генерацијата Z изјавиле дека доцнењето со плаќањето сметки оваа година е редовна појава, а не еднократен настан. Многу Европејци сè уште живеат од ден за ден, според Intrum. Само шест од десет редовно издвојуваат фонд за итни случаи за црни денови, додека 29% признаваат дека извештаите за економска нестабилност ги прават вознемирени.

Годинашниов извештај, исто така, покажува промена во причините за доцнење со плаќањето. Недостатокот на средства повторно стана доминантен проблем, а овој феномен особено влијае на Генерацијата Z. 52% од испитаниците изјавиле дека нивната главна причина за неплаќање е тоа што немаат доволно пари за да ги платат сметките. Дополнителен товар за младите е таканаречениот притисокот на нивните стремежи. Како што истакнува Агњешка Кункел, социјалните мрежи честопати создаваат нереални стандарди, охрабрувајќи ги младите купувачи да се задолжуваат, за да бидат во чекор со своите врсници. Според анкетата, 31% велат дека обидот да се реплицира животниот стил на инфлуенсер ги довел во долгови.

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

Самсунг (“Samsung“) ја задржа Број 1 позицијата на глобалниот пазар за комерцијални дисплеи 17 години по ред

Новиот извештај од индустријата ја потврдува лидерската позиција на Самсунг, додека компанијата го проширува своето портфолио на напредни дисплеи и интегрирани решенија за бизниси ширум светот

Банкарската службеничка Б.Б.И. (31) од Тетово примените 39 илјади евра од тетовец наместо на негова сметка си ги ставила во џеп!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И. (31) од Тетово поради сомнение за кривично дело „затајување“. Според информациите на полицијата, пријавената, како вработена во филијала на банка во Тетово, на 3 ноември 2025 година во службените простории примила 39.000 евра од 59-годишен тетовец, кој сакал парите да ги депонира на својата сметка. Наместо средствата да бидат уплатени во рок од три дена, како што му било кажано, тие не биле префрлени на сметката на оштетениот, туку, според пријавата, биле противправно присвоени.

(Видео): Се одлучивме за намалување на ДДВ, а не на акцизата оти сакавме поробусна интервенција, велат од Владата

Според анализите што ги направиле во Владата, со намалувањето на ДДВ од 18 на 10 проценти дневната заштеда за граѓаните е повеќе од 200 000 евра, а на неделно ниво се очекува таа да биде околу еден и пол милион евра.

To top