Македонија

Многу сме блиску до стратешко партнерство со Британија

Премиерот  Христијан Мицкоски, на денешниот Самит во Тирана ќе се сретне со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, на која се очекува финализирање на договор за стратешко партнерство меѓу двете земји. Според извори од Владата, станува збор за документ кој е резултат на повеќемесечни интензивни преговори меѓу дипломатски и експертски тимови од двете страни. Договорот, […]

Премиерот  Христијан Мицкоски, на денешниот Самит во Тирана ќе се сретне со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, на која се очекува финализирање на договор за стратешко партнерство меѓу двете земји.

Според извори од Владата, станува збор за документ кој е резултат на повеќемесечни интензивни преговори меѓу дипломатски и експертски тимови од двете страни. Договорот, кој се најавува како историски, ќе отвори нови перспективи за соработка во клучни области како безбедноста, економијата, инвестициите, образованието, дигиталната трансформација и климатските промени.

– Ова е договор кој ја позиционира Македонија во поширокиот круг на интереси на една од водечките светски сили. Станува збор за конкретна и долгорочна определба за зајакнување на билатералните врски со Обединетото Кралство – велат извори од владините структури.

Со потпишувањето на договорот, Македонија би добила пристап до британска експертиза, финансиска поддршка за реформи и можности за британски инвестиции во стратешки сектори како енергетиката, инфраструктурата и иновациите. Дополнително, соработката ќе опфати и засилен политички дијалог, како и координација во рамки на меѓународните институции и глобалните безбедносни предизвици.

Средбата во Тирана се случува во рамки на регионалниот самит, на кој лидерите на Западен Балкан имаат можност да разменат мислења со претставници на Европската Унија и стратешки партнери. За Македонија, ова е прва официјална билатерална средба на највисоко ниво со новиот британски премиер Кир Стармер, кој неодамна ја презеде функцијата.

Очекувањата се дека деталите од договорот ќе бидат официјално соопштени во текот на денот, а според неофицијални информации, ќе биде договорено и формирање на заеднички комитет кој ќе ја следи имплементацијата и ќе предлага нови области за стратешка соработка.https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FMickoskiHristijan%2Fposts%2Fpfbid02DoyLS3XuMHtRxZYQ9FMNxq2VijX6ucz8bLsn9wSCH2esEvJmGhLnkM2fo8H8KkBtl&show_text=true&width=500

Најнови вести од: Македонија

Додека САД трупаат резерви на бакар, Македонија „го складира“ под земја

Аналитичарите предвидуваат недостиг на пазарот на бакар од 124.000 тони оваа година и 150.000 тони следната година. Побарувачката за бакар е поттикната од глобалните инвестиции во модернизацијата и проширувањето на електропреносните мрежи, а енергетската транзиција, која вклучува технологии за обновлива енергија како што се ветерниците и фотоволтаиците, исто така ќе ја зголеми потребата за бакар.

Според ChatGPT: Гордана Сиљановска-Давкова е првиот претседател на Република Македонија кој отишол во официјална посета на затвор

Според достапните информации и пребарувања на јавни извори, Гордана Сиљановска-Давкова е првиот претседател на Република  Македонија кој отишол во официјална посета на затвор

To top