Македонија

МНР: Апел македонските граѓани да го напуштат Мексико

Истовремено, се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територија на таа држава, да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика.

„Истовремено, се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер. Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон: +389 75 268 736, електронската адреса: globalsos@mfa.gov.mk, како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Македонија во Вашингтон: +1 (202) 758-7798 или на е-маил адресата: washington@mfa.gov.mk, велат од МНР.

Додаваат дека континуирано ја следат состојбата и навремено ќе ја информираат јавноста.

Мексико на работ на граѓанска војна по смртта на „Ел Менчо“ (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Изборот на наследник на Бислимовски во собраниска процeдура

За местото претседател на РКЕ конкурираат двајца кандидати – Ацо Ристов, дипломиран електроинженер, кој во периодот од 2021 до 2025 година бил градоначалник на Радовиш и Шамил Реџепи, магистер по економски науки, вработен во Регулаторната комисија за енергетика

To top