Македонија

Момчето кое презгази охриѓанка на тротоар немало возачка

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 2 лица за Тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот по сообраќајна несреќа на булеварот Туристичка во која 44 годишна охриѓанка почина, а уште едно лице беше тешко повредено. „Првиот осомничен го извршил делото со директно загрозување на безбедноста во сообраќајот, односно […]

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 2 лица за Тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот по сообраќајна несреќа на булеварот Туристичка во која 44 годишна охриѓанка почина, а уште едно лице беше тешко повредено.

„Првиот осомничен го извршил делото со директно загрозување на безбедноста во сообраќајот, односно во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал автомобил Фолксваген голф без да поседува возачка дозвола и со брзина неприспособена на својствата и состојбите на патот. Поради тоа 21-годишникот изгубил контрола над возилото, навлегол на кружниот тек преминувајќи преку средишниот остров, возел надвор од коловозот и удрил во метален столб – канделабра на тротоарот. Потоа продолжил да се движи по тротоарот каде налетал на двајца пешаци и конечно удрил во бетонска ограда.

Во несреќата била повредена пешакот Александра Божиноска која починала на лице место, додека кај другиот пешак биле предизвикани тешки телесни повреди.

Истрага е поведена и за сопатникот во автомобилот Фолксваген голф, 18-годишен сопственик на автомобилот. Тој делото го сторил загрозувајќи ја безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство, односно во врска со член 298 став 1 од Кривичниот законик“, соопшти Јавното обвинителство.

Иако бил свесен дека поради неговото постапување може да настапи штетна последица, односно дека неговиот другар не поседува возачка дозвола и може тешко да ја загрози безбедноста на сообраќајот и да го доведе во опасност животот на луѓето, вториот осомничен му го дал возилото во негова сопственост да го управува, се вели во соопштението.

„Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител предложи мерка притвор за двајцата осомничени“, информираше Јавното обвинителство.

Загина жена на тротоар во Охрид кога во неа удри автомобил

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

To top