Македонија

Можно ангажирање невработени, студенти, ученици и пензионери без губење здобиени права

Се очекува формализација на 17.400 работни места со Законот за работно ангажирање на лица што стапи во сила од вчера, а со кој се овозможува ангажирање на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на нивните веќе стекнати права. Новото законско решение е најавено како суштинска реформа во начинот на повремено и сезонско ангажирање на работници и борба со сивата економија.

„Во првата фаза со законот се опфатени дејностите каде што сивата економија е најизразена – земјоделството, шумарството, рибарството, објектите за сместување, сервисните дејности за храна и дејностите во домаќинството. Според направените анализи, со примената на законот се очекува формализација на до 12 000 сезонски работници во земјоделството и околу 5 400 непријавени работници во туризмот, угостителството и услугите“, рече денеска на прес-конферениција министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

И покрај мерките од Оперативниот план за вработување, министерот посочи дека лицата остануваат надвор од формалните текови поради што е донесен Законот за работно ангажирање на лица како суштинска реформа во начинот на повремено и сезонско ангажирање на работници.

„Со овој закон воведуваме пофлексибилен и поедноставен модел за легално ангажирање на работна сила, со јасна правна рамка и електронски процедури за пријавување, одјавување и уплата на придонеси. Законот овозможува ангажирање на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на нивните веќе стекнати права. Корисниците на гарантирана минимална помош не ги губат социјалните и детските права, невработените не се бришат од евиденцијата и не го губат паричниот надоместок, пензионерите не го губат правото на пензија, а студентите и учениците ги задржуваат правата од образовниот систем“, рече Дурмиши.

Оваа реформа, посочи министерот, носи бенефит и за работниците и за работодавачите. Работодавачите добиваат флексибилност и поедноставена административна постапка, а работниците добиваат исплата по час, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување во случај на повреда на работа или професионално заболување, како и јасна правна заштита на нивните права. На овој начин Дурмиши вели дека воспоставуваат поправедни и потранспарентни услови на пазарот на трудот.

Според Дурмиши, формализацијата на сивата економија е една од највисоките стратешки определби на Владата и клучен сегмент од реформската агенда, затоа што директно влијае врз економскиот раст, стабилноста на јавните финансии и заштитата на работниците. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2024 година во земјава имало околу 694 илјади вработени, од кои приближно 85 илјади биле неформално ангажирани. Тоа, посочи Дурмиши, е сериозен предизвик кој бара системски, а не ад-хок решенија.

Министерот за економија на прес-конференцијата рече дека Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кој исто така се применува од 1 јануари годинава, е силен инструмент за поттикнување на економскиот раст, зголемување на конкурентноста и отворање нови, квалитетни работни места. Со овој закон државата обезбедува финансиска поддршка за компании кои инвестираат, остваруваат раст на приходите и ја задржуваат стабилноста на вработувањето.

„Поддршката е насочена кон нови вработувања со повисоки плати, при што компаниите можат да добијат до 20 проценти од исплатената нето плата, односно до 4.400 евра годишно по лице, како и значителна поддршка за истражување и развој, до 50 проценти од оправданите трошоци и максимален износ од 1 милион евра. На тој начин ја охрабруваме трансформацијата на економијата кон поголема продуктивност и додадена вредност“, информираше министерот Дурмиши.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Премиерот Мицкоски очекува есенва камен-темелник за инвестицијата од милијарда евра во гасификацијата на Македонија!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски очекува на 12 јануари да има состанок, на кој дефинитивно ќе бидат констатирани приоритетите со сопственикот и менаџментот на компанијата „Акса“ за најавената инвестиција од милијарда евра во гасификација и конечно, ако сѐ оди според планот наесен, да почне со камен-темелникот во 2026 година.

Мицкоски: Нема да има пензија под 15 илјади! Пред линеарното зголемување 150 илјади пензионери примаа само 10-12 илјади!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски најави зголемување на пензиите напролет годинава. Запрашан дали Уставниот суд би можел да го спречи линеарното зголемување на пензиите, тој одговори дека не би ги коментирал неговите одлуки.

Покренато обвинение против 37-годишен скопјанец за смртта на Јорго Ќука

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Најнови вести

To top