Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе измисли и колонизација од марсовци за да предизвика паника

Ова обвинување „е уште една лага од фабриката на СДСМ, партија пред „само неколку години молчеше пред најголемиот мигрантски бран и ја претвори државата во транзитна зона без контрола“

 

Владејачката партија категорично негира дека се разговара за отворање било каков центар за мигранти откако од СДСМ ја повикаа Владата да ја објави содржината на преговорите со Обединетото Кралство

„Криминалците за да се спасат од одговорност се подготвени да измислат колонизација на марсовци во Македонија само за да создадат паника кај народот“. Според владејачката партија, кога СДСМ нема аргументи, бега во фантазии и хорор-сценарија, но, според нив, државата денес е безбедна, стабилна и водена од одговорна Влада, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ..

„Да бидеме јасни, заради јавноста: Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови. Ова е уште една лага од фабриката на истата партија која пред неколку години молчеше пред најголемиот мигрантски бран и ја претвори државата во транзитна зона без контрола“, се наведува во реакцијата.

„Што се однесува до навредите за „предавства“, најдобро е СДС да погледне во својот двор. Тоа беше партијата што го направи најголемиот распад на институциите, најголемиот удар врз безбедноста и најголемата загуба на довербата во државата.

Македонија не била попонижена од времето кога Заев и неговите соработници шетаа по светот со политики на капитулација и корупциски скандали. Денес, тие истите предавачи делат лекции за „суверенитет“.

Ова што го прават е опасно: свесно лажење со цел да се креира страв. А кога политичка партија гради стратегија врз невистини, тоа значи дека нема што друго да понуди.

СДС е во право само во едно: ова е прашање за опстанок. Но не на државата, туку на нивната партија, која повторно се потпира на страв, измислици и очајнички обиди да остане релевантна“, се вели во реакцијата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top