Македонија

Му го одзеле возилото, возел без возачка и под дејство на алкохол во Неготино

Неготинец бил лишен од слобода и му било одземено возилото, откако полицијата денеска констатирала дека возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола. – Денеска во 1:20 часот, на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С., […]

Неготинец бил лишен од слобода и му било одземено возилото, откако полицијата денеска констатирала дека возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола.

– Денеска во 1:20 часот, на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С., на возраст од 25 години. При контрола на патниот сообраќај, било сопрено патничко возило „бмв“ со неготински регистарски ознаки, што го управувал А.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,64 промили алкохол во крвта, а било утврдено и дека не поседува возачка дозвола, соопштија од Секторот за внатрешни работи – Велес.

По насоки на јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица, а возилото било одезмено. По целосно документирање на случајот, како што додадоа од СВР – Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

To top